24 Април, 2024
0.0466

Го заложил имотот на МРТВ за кредит без дозвола од Собранието: Кривична за директорот на јавниот сервис

Објавено во: Македонија 21 Јуни, 2019

Добивај вести на Viber

Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство поднесе кривична пријава против директорот на Македонска радиотелевизија. Марјан Цветковски кој и сега е директор на ова Јавно претпријатие, според УФП, во 2015 година во својство на директор на телевизијата со штетен договор за кредит ја оштетил телевизијата, а за договорот не побарал и не добил дозвола од Собранието кое е основач и сопственик на Макеоднска радиотелевизија

УПФП поднесе кривична пријава против М.Ц. службено лице претседател на УО на Јавно претпријатие Македонска радиотелевизија кој во 2015 година ја злупотребил службената положба и овластување и склучил договор за кредит со домашна комерцијална банка во износ 140 милиони денари, а како обезбедување, склучил договор за залог на целокупниот движен и недвижен имот во сопственост ЈРП Македонска радиотелевизија во вредност од 294.459.822 милиони денари. Заложил имот во повисока вредност од вредноста на земениот кредит за 154.452.822 без да побара и добие согласност од Собранието кое е основач и сопоственик на ЈРП Македоноска радиотелевизија што е спротивно на законот, рече Даниела Велковска од Управата за финансиска полиција. 

Вторпријавена во случајот е нотарката З.П. која се сомничи дека ја злоупотребила службената положба и овластувања и ги заверила и ги солменизирала со која е заложен целокупниот имот без да побара и да  биде приложена согласност од основачот и сопственикот односно од Собранието. 

Инаку дел од добиениот кредит првопријавениот веднаш го искористил за враќање на стари долгови кон банката која откупила побарувања на телевизијата кон БЕГ.


Можеби ќе ве интересира

ПОПОСКИ НАЈАВУВА НОВИ ВРНЕЖИ: дожд низ пониските места, снег на планините, еве ги деталите

ПОПОСКИ НАЈАВУВА НОВИ ВРНЕЖИ: дожд низ пониските места, снег на планините, еве ги деталите

ДИК: Најголема излезност е забележана во Новаци 42,87 отсто, а најмала е излезноста во Врапчиште 10,18 отсто

ДИК: Најголема излезност е забележана во Новаци 42,87 отсто, а најмала е излезноста во Врапчиште 10,18 отсто

БАЈРАМИ: Во Бучим гласач го покажал ливчето на набљудувач пред да го пушти во кутијата

БАЈРАМИ: Во Бучим гласач го покажал ливчето на набљудувач пред да го пушти во кутијата

БОЈМАЦАЛИЕВ: Не се забележани поголеми нарушувања или инциденти

БОЈМАЦАЛИЕВ: Не се забележани поголеми нарушувања или инциденти

МВР: Регистрирани се две фотографирања на гласачко ливче во Скопје и Штип

МВР: Регистрирани се две фотографирања на гласачко ливче во Скопје и Штип

ОДЗИВ ДО 11 ЧАСОТ: Гласале 12,78 отсто или 229.417 избирачи

ОДЗИВ ДО 11 ЧАСОТ: Гласале 12,78 отсто или 229.417 избирачи

ПРЕКИН ВО ОПАЕ: Се расипал биометрискиот уред

ПРЕКИН ВО ОПАЕ: Се расипал биометрискиот уред

ИЗЛЕЗНОСТ ПО ОПШТИНИ: Како тече гласањето ширум Македонија?

ИЗЛЕЗНОСТ ПО ОПШТИНИ: Како тече гласањето ширум Македонија?

МАКЕДОНИЈА ГЛАСА: Обвинителството го следи изборниот процес за евентуални кривични дела

МАКЕДОНИЈА ГЛАСА: Обвинителството го следи изборниот процес за евентуални кривични дела