12 Декември, 2024
0.0277

ГОЦЕ ТРАЈКОВСКИ ТРЕБАШЕ ДА СВЕДОЧИ ЗА ДВОЈНОТО УБИСТВО: Избегал затоа што подметнал пожар во кафуле

Објавено во: Македонија 11 Декември, 2024

Добивај вести на Viber

Сведок во случајот за двојното убиство на Вања Ѓорчевска од Скопје и Панче Жежовски од Велес е во бегство. 

Станува збор за Гоце Трајковски, кој воедно институциите го бараат затоа што подметнал пожар.  Трајковски кој треба да даде исказ на рочиштето  закажано за понеделник идната недела, недостапен е за полицијата. Тој избегал поради сторено кривично дело.

Од Јавното обвинителство брифираат дека на 13 ноември оваа година, Трајковски со уште две лица, намерно опожарил угостителски објект – кафуле на улицата Христо Татарчев во Кисела Вода.

Двајцата негови соучесници се фатени и против нив е поведена истрага, но Трајковски е во бегство.

„На 13 ноември, околу 3 часот наутро, тројцата со пожар предизвикале имотна штета од поголема вредност во износ од околу 450.000 денари. Со оглед на тоа што кафулето е лоцирано во поголема станбена зграда, постоела опасност тие со пожарот да предизвикаат и значителна опасност за животот и телото на станарите. На местото пристигнале со автомобил ‘Фолксваген голф’, се паркирале во близина на кафе барот, а едниот осомничен останал во возилото да чека. Вториот осомничен зел секира од багажникот и го скршил лизгачкото стакло, додека третото лице кое е идентификувано и се преземаат мерки за негово пронаоѓање, запалило оган со бензин. Потоа сите заедно избегале од местото. Истрагата е отворена, бидејќи со дејствијата како соизвршители предизвикале тешки дела против општата сигурност по член 292 став 1 во врска со член 288 став 1 од Кривичниот законик. За двајцата осомничени кои се веќе обезбедени, по предлог на јавниот обвинител, определена им е мерка притвор“, се вели во соопштението на Јавното обвинителство.

Неговата мајка Кираца Трајковска, која  претходно сведочеше, тврдеше дека нејзиниот син доживеал паничен напад и затоа не можел да дојде на рочиштето.

Ако не го обезбедат за сведок, на суд во понеделник ќе биде презентиран неговиот исказ од истрагата, даден пред јавен обвинител.

Трајковски беше еден од првите кои се вклучија во потрагата за 14-годишната Вања. Тој му помагал на нејзиниот татко Александар Ѓорчевски во обидите да ја пронајдат Вања.

За грабнувањата и убиствата на Вања и Панче се обвинети четворица извршители – Љупчо Палевски Палчо како првообвинет, и Велибор Манев, Влатко Кешишов и Боре Видевски, а таткото на Вања, Александар Ѓорчевски е обвинет за помагање во грабнувањето на неговата ќерка.

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Уставен суд ја одложи одлуката за јазиците, ДУИ го тргна шаторот

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Уставен суд ја одложи одлуката за јазиците, ДУИ го тргна шаторот

КОРИСНИЦИТЕ ПРИЈАВУВААТ ПРОБЛЕМИ: Паднаа Фејсбук, Инстаграм и Ватсап

КОРИСНИЦИТЕ ПРИЈАВУВААТ ПРОБЛЕМИ: Паднаа Фејсбук, Инстаграм и Ватсап

ДУИ ГО ПОВЛЕЧЕ ШАТОРОТ ОД ПРЕД УСТАВЕН: Велат за три месеци пак ќе го постават

ДУИ ГО ПОВЛЕЧЕ ШАТОРОТ ОД ПРЕД УСТАВЕН: Велат за три месеци пак ќе го постават

УЧЕНИК ОД ВЕЛЕС ПРЕТЕПА СОУЧЕНИК: Обвинителството поведе постапка за насилството

УЧЕНИК ОД ВЕЛЕС ПРЕТЕПА СОУЧЕНИК: Обвинителството поведе постапка за насилството

„ЛИЧЕН УДАР“: Еве Груби како реагира на одлуката на Стејт Департментот

„ЛИЧЕН УДАР“: Еве Груби како реагира на одлуката на Стејт Департментот

ЛАЈЧАК ЗА ПРЕГОВОРИТЕ: Северна Македонија нема време за чекање

ЛАЈЧАК ЗА ПРЕГОВОРИТЕ: Северна Македонија нема време за чекање

ТУРЦИТЕ НАЈБРОЈНИ ГОСТИ: Во октомври дошле 23.838 посетители од Турција

ТУРЦИТЕ НАЈБРОЈНИ ГОСТИ: Во октомври дошле 23.838 посетители од Турција

АХМЕТИ: Oвој ден потсетува кога „Слободан Милошевиќ ја задушуваше автономијата на Косово“

АХМЕТИ: Oвој ден потсетува кога „Слободан Милошевиќ ја задушуваше автономијата на Косово“

СУДОТ ОДЛУЧИ: Осум од групата на Ковачевски одат во притвор, еден во куќен – определени мерки и за ексдиректорот на ЕСМ

СУДОТ ОДЛУЧИ: Осум од групата на Ковачевски одат во притвор, еден во куќен – определени мерки и за ексдиректорот на ЕСМ