19 Април, 2024
0.0264

Годинава 21 разни напади на полицајци во Тетово и Гостивар

Објавено во: Македонија 21 Септември, 2021

Добивај вести на Viber

Секторот за внатрешни работи Тетово во 2021 година има поднесено 21 кривични пријави за разни видови на напади врз полициски службеници.

Десет лица заработиле кривични пријави за „напад на службено лице при вршење работи на безбедноста“, пет за „учество во толпа што ќе спречи службено лице во вршење на службено дејствие“ и шест за „спречување на службено лице во вршење на службено дејствие“.

– Заклучно со 20 септември, во СВР Тетово изготвени и до Основните јавни обвинителства во Тетово и во Гостивар поднесени се седум кривични пријави против десет сторители, од кои седум во Тетовско и три во Гостиварско за сторени осум кривични дела (ТЕ-5 и ГВ-3) „напад на службено лице при вршење работи на безбедноста“ казниво по член 383 од Кривичниот законик, изјави Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

За напад на полицаец е предвидена парична казна или затвор до три години.Доколку дополнително сторителот се заканува со употреба на оружје, го малтретира или го навредува службеното лице, затворската казна е од шест месеци до пет години, а ако на полицаецот му се нанесе  тешка телесна повреда, сторителот ќе се казни со затвор од една до десет години.

МВР уапси пет осомничлени по насилните протести што се случија во петокот 17 септември во тетовска Мала Речица.  

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Почна кампањата за парламентарните избори, ветувања за подобар живот за граѓаните

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Почна кампањата за парламентарните избори, ветувања за подобар живот за граѓаните

ВАНКОВСКА: Ќе се заложам за намалување на воениот буџет

ВАНКОВСКА: Ќе се заложам за намалување на воениот буџет

СТО НАЈВЛИЈАТЕЛНИ ЛИЧНОСТИ ВО СВЕТОТ СПОРЕД „ТАЈМ“: На листата се најде Македонката Светлана Мојсов

СТО НАЈВЛИЈАТЕЛНИ ЛИЧНОСТИ ВО СВЕТОТ СПОРЕД „ТАЈМ“: На листата се најде Македонката Светлана Мојсов

МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗДРАВСТВО ДО СПЕЦИЈАЛИЗАНТИТЕ: Решение ќе има после изборите

МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗДРАВСТВО ДО СПЕЦИЈАЛИЗАНТИТЕ: Решение ќе има после изборите

КОВАЧЕВСКИ ЗА ИЗЈАВАТА НА ОСМАНИ ЗА ОТВОРЕН БАЛКАН: Политичарите како во избори, даваат изјави што треба, што не треба

КОВАЧЕВСКИ ЗА ИЗЈАВАТА НА ОСМАНИ ЗА ОТВОРЕН БАЛКАН: Политичарите како во избори, даваат изјави што треба, што не треба

Доживотен затвор за убиената жена во Кочани со 40 убоди со нож

Доживотен затвор за убиената жена во Кочани со 40 убоди со нож

ДУИ на симулирана седница ги избра Бујар и Села за претседатели и направи уставни измени

ДУИ на симулирана седница ги избра Бујар и Села за претседатели и направи уставни измени

СОНК: Иако е период на избори, најверојатно ќе почне генерален штрајк во установите од културата

СОНК: Иако е период на избори, најверојатно ќе почне генерален штрајк во установите од културата

ГЕСТ ЗА ПРИМЕР И ПОЧИТ! Која фирма за свои сограѓани од Свети Николе ќе даде над 250.000 евра?

ГЕСТ ЗА ПРИМЕР И ПОЧИТ! Која фирма за свои сограѓани од Свети Николе ќе даде над 250.000 евра?