28 Март, 2024
0.0241

ГОДИНАВА ЌЕ ИМАМЕ ПОВИСОКИ ЦЕНИ ОД ОНА ШТО СЕ ОЧЕКУВАШЕ - Народна банка ги зголеми прогнозите за инфлација на 2,2 отсто за годинава

Објавено во: Финансии 11 Мај, 2021

Добивај вести на Viber

Повисока стапка на инфлација, односно раст на трошоците на живот за годинава прогнозира Народна банка, во споредба со она што го очекувала во октомври. Или, годинава инфлацијата ќе изнесува 2,2 отсто.

Растот на економијата, пак, за годинава се очекува да биде 3,9 отсто, што е исто со она што претходно се предвидуваше. 

Втора година по ред, макроекономските проекции се спроведуваат и објавуваат во време на пандемија и сѐ уште присутна глобална неизвесност. Априлските проекции не се значително променети во споредба со октомвриските согледувања. Во текот на овој период се очекува закрепнување на економијата, при што и натаму целосно враќање и надминување на преткризното ниво се очекува во 2022 година. И ова сценарио не упатува на поголеми инфлациски притисоци, а надворешната позиција и понатаму останува поволна. Во однос на изворите на ризици, тие и понатаму се оценуваат како изразено надолни и се речиси целосно поврзани со пандемијата на ковид-19.

Во согласност со вградените претпоставки за надворешното окружување и домашните фактори, во 2021 година се очекува раст на економската активност од 3,9 отсто што претставува непроменета проекција во однос на октомври. Во 2022 година ќе продолжи закрепнувањето на економијата со раст од 3,9 отсто (мала нагорна корекција во однос на октомври), а во  2023 година со иста очекувана стапка како во октомври, од 4 отсто. Притоа, од аспект на структурата на растот, не се направени позначајни промени, така што и во овој циклус на проекции се очекува растот на БДП, оваа и следната година да произлезе од домашната побарувачка, додека нето-извозот да има негативен придонес. 

Кај стапката на инфлација е направена умерена нагорна ревизија за 2021 година во однос на октомвриските проекции, при што тековно се оценува дека таа ќе изнесува 2,2 отсто (1,5 отсто во претходната проекција), при нагорни корекции кај надворешните влезни претпоставки во делот на цените на нафтата и храната. За 2022 и 2023 година и натаму се очекува дека стапката на инфлација ќе се движи околу 2 проценти. 

Очекувањата за идните движења во надворешниот сектор укажуваат на стеснување на дефицитот во тековната сметка до 2,9 отсто од БДП во 2021 година, што во најголем дел се должи на подобрите очекувања кај дознаките, при постепено намалување на негативните ефекти од пандемијата во текот на годината. Намалувањето се очекува да продолжи и во наредните две години, со што во наредниот двегодишен период (2022-2023 година) дефицитот во тековната сметка ќе изнесува во просек околу 2,1 отсто од БДП. Во целиот период на проекцијата се очекува дека девизните резерви ќе се задржат на соодветно ниво.

Кредитната активност на банкарскиот систем и натаму е еден од важните фактори за поддршка на економскиот раст. Имено, во текот на 2020 година кредитната поддршка беше солидна, а тековните проекции упатуваат на нејзино постепено забрзување во следниот период. За 2021 година кредитниот раст би изнесувал 5,8 отсто, а со постепеното нормализирање на состојбите и стабилизирање на очекувањата, се очекува постепено забрзување на растот на кредитната активност кој за периодот 2022-2023 година во просек би изнесувал 7 отсто. Во однос на изворите на финансирање, имајќи го предвид солидниот раст на вкупните депозити во текот на 2020 година и во првиот квартал од 2021 година, се очекува дека растот за целата 2021 ќе изнесува 7,5 отсто. Во услови на помала неизвесност и посилно економско закрепнување се очекува и поголема склоност за потрошувачка и инвестиции, поради што и растот на депозитите ќе се стабилизира во 2022 година, по што умерено ќе забрза на 8 отсто во 2023 година.

Ризиците за остварување на основното макроекономско сценарио и понатаму се оценуваат како надолни и се главно поврзани со пандемијата на ковид-19. Главниот надолен ризик се поврзува со евентуалното побавно спроведување на имунизацијата, што е тесно поврзано со набавката и дистрибуцијата на вакцините, како и со повторно разгорување на пандемијата со појавата на нови мутации на вирусот и нивна поголема отпорност на веќе постоечките вакцини, што би можело да доведе до повторно воведување на построги рестриктивни мерки за спречување на ширењето на вирусот. Евентуалната материјализација на овие ризици може да доведе до повторно нарушување на синџирите на производство и побарувачката и до значително забавување на очекуваната динамика на економско закрепнување, а со тоа и до потешкотии во опстојувањето на фирмите и побавно опоравување на пазарот на труд. 

Од друга страна, побрзата динамика на вакцинација од очекуваната и напредокот во медицинскиот третман на коронавирусот и во развојот на вакцини отпорни на новите мутации, се потенцијални позитивни ризици. Доколку заканата од коронавирусот се надмине побрзо од очекуваното, зајакнатата доверба би можела значително да ја поттикне глобалната, а со тоа и домашната економска активност. Исто така, членството на нашата држава во НАТО алијансата и отпочнувањето на преговори за полноправно членство во ЕУ и натаму претставуваат позитивен ризик за проекцијата, на среден рок.

Како што беше нагласено на седницата на Советот, Народната банка, и натаму, постојано го следи развојот на настаните, вклучително и потенцијалните ризици од окружувањето, и доколку има потреба, подготвена е соодветно да ги приспособува политиките и навремено да преземе дополнителни мерки, согласно со своите надлежности.

Можеби ќе ве интересира

Народната банка и гувернерката Ангеловска-Бежоска избрани од ЕБОР за водачи на проектот за женско претприемаштво во нашата земја

Народната банка и гувернерката Ангеловска-Бежоска избрани од ЕБОР за водачи на проектот за женско претприемаштво во нашата земја

Потрошувачки кредит на вашата сметка, додека уживате во топло кафе

Потрошувачки кредит на вашата сметка, додека уживате во топло кафе

БЕРЗИТЕ ИМАЛЕ ПОДОБРИ ДЕНОВИ: Намалување на индексите на Волстрит, S&P 500 во загуба трет ден по ред

БЕРЗИТЕ ИМАЛЕ ПОДОБРИ ДЕНОВИ: Намалување на индексите на Волстрит, S&P 500 во загуба трет ден по ред

ЗАМИНУВАЊЕТО НА ШЕФОВИТЕ ПОЗИТИВЕН СИГНАЛ ЗА ИНВЕСТИТОРИТЕ - Акциите на Боинг растат по промената на раководството на компанијата

ЗАМИНУВАЊЕТО НА ШЕФОВИТЕ ПОЗИТИВЕН СИГНАЛ ЗА ИНВЕСТИТОРИТЕ - Акциите на Боинг растат по промената на раководството на компанијата

СЕ ОГЛАСИ КОМЕРЦИЈАЛНА ПО ПРОДАЖБАТА НА ИМОТОТ НА ЕУРОНИКЕЛ - остануваме посветени да се наплатат доверителите и вработените, должниците веднаш да си ги платат обврските

СЕ ОГЛАСИ КОМЕРЦИЈАЛНА ПО ПРОДАЖБАТА НА ИМОТОТ НА ЕУРОНИКЕЛ - остануваме посветени да се наплатат доверителите и вработените, должниците веднаш да си ги платат обврските

Доларот зајакна по најавата за намалување на каматните стапки

Доларот зајакна по најавата за намалување на каматните стапки

ПОМАЛИ ТРОШОЦИ ЗА ПРЕКУГРАНИЧНИ ТРАНСАКЦИИ СО ПРИСТАП КОН СЕПА - со законски измени до побрз пристап

ПОМАЛИ ТРОШОЦИ ЗА ПРЕКУГРАНИЧНИ ТРАНСАКЦИИ СО ПРИСТАП КОН СЕПА - со законски измени до побрз пристап

КИНЕСКОТО ЧУДОВИШТЕ ЗА ОНЛАЈН ШОПИНГ СТАНУВА СЕ ПОГОЛЕМО:„Амазон е на стероиди!“

КИНЕСКОТО ЧУДОВИШТЕ ЗА ОНЛАЈН ШОПИНГ СТАНУВА СЕ ПОГОЛЕМО:„Амазон е на стероиди!“

КОЈ ПЛАТИ 753 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА АКЦИИ НА СТОПАНСКА БИТОЛА ВО ЕДЕН ДЕН - има ли ова поврзаност со најавеното припојување кон Комерцијална банка

КОЈ ПЛАТИ 753 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА АКЦИИ НА СТОПАНСКА БИТОЛА ВО ЕДЕН ДЕН - има ли ова поврзаност со најавеното припојување кон Комерцијална банка