27 Септември, 2024
0.0283

ГОДИНАВА НИТУ ЕВРО ОД БУЏЕТОТ: Наместо 250 милиони евра, ништо за автопатите на „Бехтел и Енка“

Објавено во: Економија 26 Септември, 2024

Добивај вести на Viber

Јавното претпријатие „Државни патишта“ како инвеститор не добил ниту евро од државниот буџет годинава за изведувачот „Бехтел и Енка“ за изградбата на новите автопатски делници од Коридор 8 и Коридор 10Д. Тоа може да се види од последниот отчет на американско-турскиот конзорциум за сработеното во месец јули, а кој што е објавен пред два дена.

Според посебната годишна програма за овој проект, за операторот кој ги гради автопатите Тетово-Гостивар-Букојчани, Требеништа-Струга-Ќафасан и Прилеп-Битола, требаше тековно да се исплаќаат 250 милиони евра во 2024, но иако е октомври на прагот, нема трансакција на ниту едно евро за оваа намена за „Државни патишта“. Во отчетот се објавени само старите лански трансакции.

Министерството за транспорт и врски во последните два работни дена од минатата година му исплати 43 милиони евра на Јавното претпријатие „Државни патишта“ за четирите автопатски делници од договорот со „Бехтел и Енка“ и тоа беа последните трансакции. Со тоа се заокружи предвидената финансиска програма во првата година од договорот за изградба на автопатите од Коридор 8 и Коридор 10Д. Се на се, во текот на минатата година вкупно беа исплатени околу 240 милиони евра.

„Во периодот јули 2024 година, Изведувачот продолжил да врши работи главно за експропријација, геотехнички истражни работи, проектирање и спецификации и мобилизациски работи, како и градежните активности главно за земјени работи и конструкции“, гласи заклучокот во месечниот отчет на конзорциумот.

Во извештајот може да се види дека се работело на изградба на камп за работници и дека се врши ископ на градежен материјал, се чекаат и документи за урбани проекти од општините Тетово, Гостивар, Прилеп и Битола. Се споменува дека во тек е и геодетското координирање и мапирање, што според изведувачот е при крај, а поголемиот дел од работата на испитувањето на почвата бил завршен. Се осмислувал и дизајнот на придружните елементи како мостови, вијадукти, надвозници и потпорни ѕидови. Се вршело и отстранување на старата инфраструктура и се барале неексплодирани средства од минатите војни. Според отчетот, се внимавало и на животната средина. На крајот на јули биле ангажирани 1.389 работници. Дренажата, рамнењето и асфалтирањето не е започнато на ниту една од делниците.

Инаку Министерство за транспорт и врски како капитален расход на изведувачот преку ЈП „Државни патишта“ треба да му исплати износ од 15.100.000.000 денари во текот на 2024, пишува во официјалната програмаа, а во актот се вели дека средствата се проектирани согласно договорот со „Бехтел и Енка“ постигнат во март минатата година. Динамиката на исплатата треба да ја одредува надзорниот консултант.

Во програмата стои дека парите ќе се трошат за „капитални индиректни трошоци, односно се однесува на трошоци кои се задолжени од странски изведувач и се во функција на подршка на градежни активности вклучувајќи асистенција од специјалисти за технички, комерцијален и управувачки капацитет за надгледување на проектот и надгледување на активностите на проектот од персонал од главната канцеларија на изведувачот; - за изработка на проектна документација за изградба на автопатиштата, за проектирање и изведба на дислокации на подземни и надземни инсталации, подготвителни градежни активности на траса; - за градежни активности за изградба на траса, геомеханички истраги, геодетски работи, обезбедување на канцеларии и други потреби за надзорот и друго“

А.К.



Можеби ќе ве интересира

СРБИЈА ЌЕ ДОБИВА ГАС ОД АЗЕРБЕЈЏАН: За колкава количина се работи?

СРБИЈА ЌЕ ДОБИВА ГАС ОД АЗЕРБЕЈЏАН: За колкава количина се работи?

Свислион затвора продавници „Слатка куќа“ низ Белград и Србија

Свислион затвора продавници „Слатка куќа“ низ Белград и Србија

ЕВН Снабдување – 10 години лидер на слободниот пазар на електрична енергија – стабилен и сигурен партнер за македонските компании

ЕВН Снабдување – 10 години лидер на слободниот пазар на електрична енергија – стабилен и сигурен партнер за македонските компании

ПО ДЕВЕТМЕСЕЧНО ДИРЕКТОРУВАЊЕ СО НАЈГОЛЕМАТА ВИНАРСКА ВИЗБА - Бранка Славеска повеќе нема да раководи со „Тиквеш“

ПО ДЕВЕТМЕСЕЧНО ДИРЕКТОРУВАЊЕ СО НАЈГОЛЕМАТА ВИНАРСКА ВИЗБА - Бранка Славеска повеќе нема да раководи со „Тиквеш“

ЕСМ назначи нова тура директори

ЕСМ назначи нова тура директори

КИНЕСКАТА ИНФРАСТРУКТУРНА ТРАНСФОРМАЦИЈА: „Катализатор за глобален развој“

КИНЕСКАТА ИНФРАСТРУКТУРНА ТРАНСФОРМАЦИЈА: „Катализатор за глобален развој“

„РОЛЕКС“ ПОЧНУВА ДА ПРОДАВА „СЕКНД ХЕНД“ ЧАСОВНИЦИ - еве колку тие ќе чинат

„РОЛЕКС“ ПОЧНУВА ДА ПРОДАВА „СЕКНД ХЕНД“ ЧАСОВНИЦИ - еве колку тие ќе чинат

НА ЕВРОПСКАТА АВТОМОБИЛСКА ИНДУСТРИЈА И СЕ ЗАКАНУВА ХАОС: Еве што се случува

НА ЕВРОПСКАТА АВТОМОБИЛСКА ИНДУСТРИЈА И СЕ ЗАКАНУВА ХАОС: Еве што се случува

ПРОТЕСТИ НИЗ ШПАНИЈА: Сидникатите бараат намалување на осумчасовната работна недела

ПРОТЕСТИ НИЗ ШПАНИЈА: Сидникатите бараат намалување на осумчасовната работна недела