25 Април, 2024
0.0379

Голден Арт ги стратуваше подготовките со три засилувања, задржувајќи ја политиката на ростер од исклучиво македонски ракометари

Објавено во: Македонија 15 Јануари, 2022

Добивај вести на Viber

Паралелно со првиот тим, со тренинзи стартуваше и младинскиот погон на клубот. Голден Арт и понатаму ќе инвестира во младинските категории,  со цел создавање квалитетни услови за тренинг, очекувајќи индивидуален напредок на младите играчи и во иднина нивно инкорпорирање во првиот тим во клубот.

Ракометниoт клуб Голден Арт ги статуваше подготвоките за пролетниот дел од сезоната, во која настапува со амбиции за враќање во најквалитетното ракоемтно натпреварување во државата. Следува период на интензивни тренинзи, за максимална психо-физичка подготвеност на играчите. На првата прозивка на тренерот Никола Матлиески и помошникот Филип Глигиров на ракометарите им беше посочено да продолжат со истото темпо и професионалниот пристап кој го покажаа и во првиот дел од првенството, за што подобар учинок кон патот до зацртаната цел.

"Стартувавме со подготовки, играчите се желни за работа. Се надевам дека ќе имаме успешна полусезона во која ќе го подигнеме нивото на игра. Со тоа ќе успееме да ги оствариме сопствените и клубските амбиции, а тоа е да дојдеме до првото место и пласман во Суперлигата. Успеавме да се засилиме со неколку квалитетни играчи кои што сум сигурен дека добро ќе се вклопат во нашата екипа и ќе придонесат за добар резултат. Во текот на подготовките ќе одиграме и неколку контролни натпревари со цел спремни да го дочекаме стартот на првенството" - изјави Матлиески.

На првиот собир на играчите им се обрати и претседателот на клубот, Сашко Даев, потенцирајќи ја максималната поддршка кон остварување на поставените цели, а притоа држејќи се до политиката на клубот, ростерот да го составуваат 100% македонски играчи.

Голден Арт изминатите денови промовираше три засилувања за пролетниот дел од сезоната, на позициите лев бек, лево крило и пивот во имињата на Христијан Милошески, Зоран Стојановски и Кристијан Стојаноски.  Исто така, во првиот тим се прекомандувани уште неколку играчи од кадетскиот тим на клубот, кој оваа година успешно настапува во кадедската лига оставруваќи три победи, без забележан пораз.

Паралелно со првиот тим, со тренинзи стартуваше и младинскиот погон на клубот. Голден Арт и понатаму ќе инвестира во младинските категории,  со цел создавање квалитетни услови за тренинг, очекувајќи индивидуален напредок на младите играчи и во иднина нивно инкорпорирање во првиот тим во клубот.


Можеби ќе ве интересира

„Ако ЕУ барем малку нѐ почитува, ќе забрани азил на македонски функционери“: еве што вели доктор Беќаровски

„Ако ЕУ барем малку нѐ почитува, ќе забрани азил на македонски функционери“: еве што вели доктор Беќаровски

„Ај честито влез во БРИКС во комбинација со нова преговарачка рамка со ЕУ“: Колозова распали по изборните резултати, еве што вели

„Ај честито влез во БРИКС во комбинација со нова преговарачка рамка со ЕУ“: Колозова распали по изборните резултати, еве што вели

МАКСИМ ПОБЕДИ ВО КУМАНОВО, ЈАКИМОВСКИ ГО ЗАГУБИ КАРПОШ, ТАРАВАРИ СО ТЕСНА ПОБЕДА ВО ГОСТИВАР: Попрецизна анализа на изборниот исход

МАКСИМ ПОБЕДИ ВО КУМАНОВО, ЈАКИМОВСКИ ГО ЗАГУБИ КАРПОШ, ТАРАВАРИ СО ТЕСНА ПОБЕДА ВО ГОСТИВАР: Попрецизна анализа на изборниот исход

„НАБРГУ ЌЕ ВИДИТЕ ДЕКА СЕ САМО НОВО ПАКУВАЊЕ НА ИСТА МАТРИЦА“: Ванковска вели дека изборот е социјализам или варварство

„НАБРГУ ЌЕ ВИДИТЕ ДЕКА СЕ САМО НОВО ПАКУВАЊЕ НА ИСТА МАТРИЦА“: Ванковска вели дека изборот е социјализам или варварство

„ПРОФЕСОРКАТА СИЛЈАНОВСКА ГО ПРЕГАЗИ СТЕВО КАКО АВТОБУС“: Со коментар на изборите се јави и Грчева

„ПРОФЕСОРКАТА СИЛЈАНОВСКА ГО ПРЕГАЗИ СТЕВО КАКО АВТОБУС“: Со коментар на изборите се јави и Грчева

ВО НЕДЕЛА ТЕМПЕРАТУРИ И ДО 28 СТЕПЕНИ: Доаѓа очекуваното затоплување

ВО НЕДЕЛА ТЕМПЕРАТУРИ И ДО 28 СТЕПЕНИ: Доаѓа очекуваното затоплување

ДИК ГИ КОМПЛЕТИРАШЕ РЕЗУЛТАТИТЕ ОД ВЧЕРАШНИТЕ ИЗБОРИ: Гордана убедливо најмногу гласови, еве ги точните бројки

ДИК ГИ КОМПЛЕТИРАШЕ РЕЗУЛТАТИТЕ ОД ВЧЕРАШНИТЕ ИЗБОРИ: Гордана убедливо најмногу гласови, еве ги точните бројки

ИВОР МИЦКОВСКИ: Ако успеат да не коалицираат со ДУИ и да направат нешто..., ВМРО-ДПМНЕ ќе газат со години

ИВОР МИЦКОВСКИ: Ако успеат да не коалицираат со ДУИ и да направат нешто..., ВМРО-ДПМНЕ ќе газат со години

(ВИДЕО) Ечат македонската химна и народни песни на скопскиот плоштад

(ВИДЕО) Ечат македонската химна и народни песни на скопскиот плоштад