19 Април, 2024
0.0283

Голем глад за обврзницата на ТТК Банка

Објавено во: Економија 17 Септември, 2019

Добивај вести на Viber

Малата банка покажа дека на нашиот пазар на капитал има кој да зајми пари на банките и дека државата не мора да биде единствен маркет – мејкер. Дали и други банки ќе го следат примерот на ТТК Банка и како оваа појава ако прерасне во тренд ќе влијае врз пазарот на капитал останува да видиме

Инвеститорите направија „јагма“ на првата јавна понуда на корпоративна обврзница издадена од ТТК Банка. Расподадена е целата количина односно сите 1.500 обврзници. ТТК Банка акумулира нови 1,5 милиони евра кои потоа ќе ги пласира согласно со својот бизнис план. Инвеститорите за десет работни дена ја искупуваа целата количина на понудени обврзници. Објавата дека стартува емисија беше публикувана на 29 август, а на 12 септември банката објави дека целата количина понудени обврзници е распродадена.

Новата корпоративна обврзница е должнички инструмент што ТТК Банка по одобрението добиено од Комисијата за хартии од вредност преку берзата ја понуди на заинтересирани инвеститори на домашниот пазар на капитал. Станува збор за 1,5 милиони евра пари кои ТТК Банка сакаше да ги прибере од заинтересирани инвеститори. Обврзницата ќе се издава во апоени од 1.000 евра, што воедно ќе биде и почетна пазарна цена на таа обврзница. Обврзницата ќе биде неограничено пренослива и со неа ќе може да се тргува на берзата. 

Корпоративната обврзница ќе носи каматен прилив од 3,5 отсто на годишно ниво и тој ќе биде фиксен износ за целиот период. Обврзницата банката ќе ја исплати за 5 години. Првата рата од каматата ќе биде исплатена 12 месеци по приливот на средствата од издадената обврзница. Главницата ќе биде исплатена на истекот на петата година од приливот на средства од продадената обврзница заедно со последната рата на камата.

Јавната понуда требаше да биде успешна ако се откупат 60 отсто од понудените обврзници по најниска почетна цена од 1.000 евра по обврзница. Целта поради која банката одлучила да оди на овој чекор е цитираме: Зајакнување на капиталната сила и на вкупниот финансиски потенцијал на Банката, со што Банката планира да ги оствари планираните бизнис цели утврдени во Деловната политика, развојниот и финансиски план за период 2019- 2021 година.

Какво полугодие има ТТК Банка?

Нето приходите од камати за првата половина од годинава изнесуваат 2,14 милиони евра и во споредба со првото полугодие лани се пониски за 60.800 евра. Тоа е многу мало намалување на приходите од камати особено ако се знае дека тренд кај сите банки е да има намалување на нето приходите од најголемата приходна дејност. Намалувањето на камати е целосно покриено со зголемените приходи од провизии и надоместоци. Имено за првите шест месеци тие се за 84.000 евра повеќе од истиот период лани и изнесуваат 1,07 милиони евра за половина година. Многу охрабрувачка вест за акционерите на оваа банка е тоа што за половина година добивката е едно евро по акција. Тоа значи дека ако продолжи со оваа дивидендна политика ќе може да очекуваат дивиденда најмалку на нивото од мината година. Добивката за половина година надмина 922.000 евра и во споредба со истиот период лани е зголемена за повеќе од 402.000 евра.

 Каде е ТТК на банкарската табела?

ТТК Банка е во конкуренција на мали банка на домашниот пазар. Според вредноста на вкупните средства во првиот квартал годинава кои изнесуваат 132 милиони евра таа е на 13 место од 15 банки. Во конкуренција на вкупни кредитни пласмани таа е за 12 место со 81 милиони евра ( на крај на март годинава), кај рангирањето на вкупни депозити била на 12 место со влогови вредни 97 милиони евра.


Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

СТРИМИНГ ГИГАНТОТ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: наспроти забраната за делење лозинка - голем раст на профитот и претплатниците

СТРИМИНГ ГИГАНТОТ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: наспроти забраната за делење лозинка - голем раст на профитот и претплатниците

Марко Бислимовски останува вонреден претседавач на Бордот на регулатори на Енергетската Заедница

Марко Бислимовски останува вонреден претседавач на Бордот на регулатори на Енергетската Заедница

ЕСКАЛАЦИЈАТА И ТЕНЗИИТЕ НА БЛИСКИОТ ИСТОК ЈА КАЧИЈА ЦЕНАТА НА НАФТАТА: Еве како да тргувате со црно злато

ЕСКАЛАЦИЈАТА И ТЕНЗИИТЕ НА БЛИСКИОТ ИСТОК ЈА КАЧИЈА ЦЕНАТА НА НАФТАТА: Еве како да тргувате со црно злато

„АЛКАЛОИД“ СЀ ПОБЛИСКУ ДО ЕВРОПА: Компанијата регистрираше ново друштво во Хрватска, осми по ред правен субјект основан во земја членка на ЕУ

„АЛКАЛОИД“ СЀ ПОБЛИСКУ ДО ЕВРОПА: Компанијата регистрираше ново друштво во Хрватска, осми по ред правен субјект основан во земја членка на ЕУ

„НАЈСРЕЌЕН СУМ КОГА ГО СОБИРАМ СЕМЕЈСТВОТО И ОДИМЕ ДА ПАКУВАМЕ МЛЕЧНИ ПРОИЗВОДИ“ - познатиот бизнисмен Дабевски ексклузивно за „Бизнис муабети“ на Фактор

„НАЈСРЕЌЕН СУМ КОГА ГО СОБИРАМ СЕМЕЈСТВОТО И ОДИМЕ ДА ПАКУВАМЕ МЛЕЧНИ ПРОИЗВОДИ“ - познатиот бизнисмен Дабевски ексклузивно за „Бизнис муабети“ на Фактор

ЗА ПОМАЛКУ ОД 2 МЕСЕЦИ: Кој директор на државна фирма успеа да потроши 35 милиони евра?

ЗА ПОМАЛКУ ОД 2 МЕСЕЦИ: Кој директор на државна фирма успеа да потроши 35 милиони евра?

ЗА ПЛОЧКАР, МОЛЕР, ФАСАДЕР МОЖЕ ДА СЕ СЛУЧИ ДА ЧЕКАТЕ СО МЕСЕЦИ: Дали се ова „златни времиња“ за занаетчиите?

ЗА ПЛОЧКАР, МОЛЕР, ФАСАДЕР МОЖЕ ДА СЕ СЛУЧИ ДА ЧЕКАТЕ СО МЕСЕЦИ: Дали се ова „златни времиња“ за занаетчиите?

„ДЕБАРСКИ БАЊИ-ЦАПА“ НАЈАВУВА ИНВЕСТИЦИИ ЗА ГОДИНАВА ОД 163 ИЛЈАДИ ЕВРА - и дивиденда за акционерите, сепак, ќе има

„ДЕБАРСКИ БАЊИ-ЦАПА“ НАЈАВУВА ИНВЕСТИЦИИ ЗА ГОДИНАВА ОД 163 ИЛЈАДИ ЕВРА - и дивиденда за акционерите, сепак, ќе има

Финансиските инспектори лани биле страв и трепет за функционерите

Финансиските инспектори лани биле страв и трепет за функционерите