ГОЛЕМ ЈАЗ: Колку заработуваат професорите на факултетите во Македонија?
Објавено во: Економија 03 Јуни, 2019
Голема е разликата во платите кај професорите во Македонија меѓу самите факултети, но и меѓу универзитетите.
Нашето истражување покажа дека факултетите практично се делат на богати и сиромашни, а тоа така се одразува и на платите. Едни професори стигаат до околу 500 евра плата, а некои земаат и над 2.000, пишува Факултети.мк.
Нееднаквоста на платите меѓу универзитетите и факултетите се должи на тоа кој успеал да обезбеди дополнителни средства, кои најмногу зависат од бројот на студенти. Повеќе студенти значи повеќе пари. Но, некои факултети имаат големи трошоци за наставата, па парите одат таму, без оглед колку студенти се запишале.