28 Март, 2024
0.2033

Голем јубилеј со големо име за отворањето – 40тото издание на „Браќа Манаки” го отвора „Болка и слава” на Алмодовар

Објавено во: Мои пари 12 Септември, 2019

Добивај вести на Viber

Престижниот филмски фестивал „Браќа Манаки” оваа година се одржува по јубилеен 40-ти пат, а ќе го отвори новиот филм на култниот шпанскиот режисер Педро Алмодовар, кој својата премиера ја имаше на годинешното издание на Канскиот филмски фестивал. И оваа година, како и изминатите, Халкбанк со големо задоволство го поддржува фестивалот „Браќа Манаки”.

„Халкбанк со особена чест и задоволство го помага одржувањето на најпознатиот и воедно најпрестижниот филмски фестивал во нашата земја. Низ годините на овој фестивал се појавиле големи имиња од светската кинематографија и секако оваа година нема да биде исклучок. Горди сме што сме дел од истиот и понатаму ќе се трудиме да бидеме поддржувачи на развојот на културата и културните настани во земјава”, велат од Халкбанк.

Организаторите објавија дека веќе е готова селекцијата на филмови кои ќе се натпреваруваат за Златна, Сребрена и Бронзена Камера 300 и додадоа дека во годинешната селекција се вклучени повеќе филмови со експлозивна визуелна динамика што ги одразува и надградува идеите на сценаристите и режисерите. Познат е и составот на стручното жири, Едвард Лакман од Соединетите Американски Држави, претседател, Ненад Дукиќ од Србија, Доминик Велински од Франција, Калојан Божилов од Бугарија и Фејми Даут од Македонија.

Отворањето на 40-тото издание на фестивалот „Браќа Манаки” е закажано на 14-ти септември, традиционално во Битола.

Можеби ќе ве интересира

Македонски Телеком ја гаси старата 3G технологија

Македонски Телеком ја гаси старата 3G технологија

Комерцијална банка го одржа редовното Годишно собрание на акционери

Комерцијална банка го одржа редовното Годишно собрание на акционери

Макстил станува стратешки партнер на СОС Детско село

Макстил станува стратешки партнер на СОС Детско село

Онлајн-промоција на романот „Лекцијата на месечарот“ од португалскиот писател Фредерико Педреира

Онлајн-промоција на романот „Лекцијата на месечарот“ од португалскиот писател Фредерико Педреира

Мобилната вештачка интелигенција Galaxy AI ќе биде достапна на избрани модели на уредите на Galaxy

Мобилната вештачка интелигенција Galaxy AI ќе биде достапна на избрани модели на уредите на Galaxy

dm дрогерие маркт ја продолжува својата експанзија: Се отвора нова дрогерија во „Cevahir Mall“ во Скопје!

dm дрогерие маркт ја продолжува својата експанзија: Се отвора нова дрогерија во „Cevahir Mall“ во Скопје!

ТИМОТ ПРЕДВОДЕН ОД Д-Р ИЛИЕВ ИЗВЕДЕ УСПЕШНА ИНТЕРВЕНЦИЈА НА 92-ГОДИШНА ПАЦИЕНТКА

ТИМОТ ПРЕДВОДЕН ОД Д-Р ИЛИЕВ ИЗВЕДЕ УСПЕШНА ИНТЕРВЕНЦИЈА НА 92-ГОДИШНА ПАЦИЕНТКА

City Fashion отвори нова моно бренд продавница KARL LAGERFELD во Skopje City Mall: Добредојдовте во светот на KARL LAGERFELD

City Fashion отвори нова моно бренд продавница KARL LAGERFELD во Skopje City Mall: Добредојдовте во светот на KARL LAGERFELD

Македонија2025 доделува стипендии за четвртиот Охрид камп за високотехнолошка извонредност

Македонија2025 доделува стипендии за четвртиот Охрид камп за високотехнолошка извонредност