20 Април, 2024
0.0263

Голем Ковид-експеримент во Хрватска: Журка и свадба без маски и дистанца

Објавено во: Балкан 08 Мај, 2021

Добивај вести на Viber

Голем ковид-експеримент, сличен на оној што се одржа во Шпанија, каде поголема група луѓе ќе присуствува на забава во затворено, со цел да се утврди кои мерки го спречуваат ширењето на корона вирусот, ќе биде организиран и во Хрватска.

Хрватскиот министер за внатрешни работи и вицепремиер Давор Божиновиќ на прес-конференција на Националниот штаб за цивилна заштита објави дека се планираат големи проекти со јавни собири. Тој додаде дека сè е договорено на состанокот на Главниот штаб со претставниците на здружението на угостители и организатори на концерти, пренесува Јутарњи лист.

-Вакви проекти се прават и во други земји. Од овие пилот-проекти, се надевам дека во следните неколку недели ќе можеме да добиеме увид во тоа што се случува по одреден собир кога има луѓе кои се во една од трите категории, оние кои се вакцинирани, оние кои прележале ковид kovid или оние кои биле тестирани. “, рече Божиновиќ.

Уште некои детали за овој пилот проект во емисијата „Данас“ на РТЛ обелоденува и  претседателката на Здружението на угостители, Жаклина Троскот.

-Првиот пилот проект започнува на 13. мај, во четврток, и ќе биде според одредени модели договорени во соработка со Хрватскиот институт за јавно здравје. Засега не ја знаеме локацијата, но тогаш ќе се одржи првиот собир што ќе биде организиран во Хрватска . Првата група на луѓе се оние кои примиле две дози од вакцината. По втората доза, треба да поминат 14 дена, така што ќе само таа група на луѓе кои ќе биде вклучена и тие ќе потпишат изјава со која се согласуваат за пилот-проектот. Тие ќе имаат алка на раката и ќе може да влегуваат во простор каде што можат да се движат како да нема пандемија. Нема да има маски, дистанца, ќе има една добра, класична забава. По седум дена, тие мора да се пријават во Институтот каде ќе бидат тестирани. Во следниот пилот проект ќе има празничен ручек, свадба, каде ќе има и поголем број гости, музика, но во тој проект ќе има малку поширок спектар на луѓе , рече таа.

Таа објасни дека вакцинираните лица ќе учествуваат во тој пилот проект, како и оние кои ја прележале болеста во претходните шест месеци и луѓе кои не се ниту едните ниту другите, но ќе бидат тестирани со брзи тестови на лице место. Целта е, вели Троскот, да се следи развојот на настаните по проектите. Сличен експеримент беше спроведен неодамна во Барселона, а резултатите беа изненадувачки. На концертот имаше 5.000 луѓе и никој од нив не беше вакциниран, не држеа дистанца, но носеа маски FPP2. Само шест лица биле позитивни на тестот по две недели и се верува дека четири од нив сигурно не биле заразени на концертот, туку после него.


Можеби ќе ве интересира

(ВИДЕО) ПОПЛАВИ ВО ГРЦИЈА: Волос е без струја

(ВИДЕО) ПОПЛАВИ ВО ГРЦИЈА: Волос е без струја

ВУЧИЌ ЗА КОСПОНЗОРСТВОТО НА МАКЕДОНИЈА ЗА СРЕБРЕНИЦА: Претпоставувм дека тоа е благодарност за она што го направивме за Скопје

ВУЧИЌ ЗА КОСПОНЗОРСТВОТО НА МАКЕДОНИЈА ЗА СРЕБРЕНИЦА: Претпоставувм дека тоа е благодарност за она што го направивме за Скопје

СРПСКИ МЕДИУМ: Братот на осомничениот за убиството на Данка Илиќ починал од насилна смрт

СРПСКИ МЕДИУМ: Братот на осомничениот за убиството на Данка Илиќ починал од насилна смрт

ПРАВАТ СЀ ЗА ДА СЕ „ОТКАЧАТ“ ОД ТУРИСТИТЕ - една од најпопуларните европски атракции е избришаnа од GOOGLE и APPLE MAPS

ПРАВАТ СЀ ЗА ДА СЕ „ОТКАЧАТ“ ОД ТУРИСТИТЕ - една од најпопуларните европски атракции е избришаnа од GOOGLE и APPLE MAPS

ГРЦИТЕ БИ САКАЛЕ ДА ГИ ИЗБЕГНАТ „ПАТЛИЏАН“ ТУРИСТИТЕ: Еве каква храна се одзема на граница и што е забрането да се носи при влез

ГРЦИТЕ БИ САКАЛЕ ДА ГИ ИЗБЕГНАТ „ПАТЛИЏАН“ ТУРИСТИТЕ: Еве каква храна се одзема на граница и што е забрането да се носи при влез

„МИЛОШ, МИ ЈА НЕМА ДАНКА!“: Еве како таткото на малото девојче дознал дека му исчезнало детето - го опиша секој детал

„МИЛОШ, МИ ЈА НЕМА ДАНКА!“: Еве како таткото на малото девојче дознал дека му исчезнало детето - го опиша секој детал

ЗА ВРЕМЕ НА ВИКЕНДОТ, ВО РЕГИОНОТ ЌЕ ПАДНЕ ЕДЕН ОД НАЈГОЛЕМИТЕ СНЕГОВИ ЗА ГОДИНАВА: Следува многу постудено време

ЗА ВРЕМЕ НА ВИКЕНДОТ, ВО РЕГИОНОТ ЌЕ ПАДНЕ ЕДЕН ОД НАЈГОЛЕМИТЕ СНЕГОВИ ЗА ГОДИНАВА: Следува многу постудено време

НА ЕДНА ПЛАНИНА ВО СОСЕДСТВОТО ИМА ЗЛАТО ЗА ПОЛА ЕВРОПА: Стрикленд Металс влезе во „профитабилната српска игра за злато“

НА ЕДНА ПЛАНИНА ВО СОСЕДСТВОТО ИМА ЗЛАТО ЗА ПОЛА ЕВРОПА: Стрикленд Металс влезе во „профитабилната српска игра за злато“

ДАЧИЌ: Дали Османи зборува во името на цела Северна Македонија, македонскиот или албанскиот народ?

ДАЧИЌ: Дали Османи зборува во името на цела Северна Македонија, македонскиот или албанскиот народ?