29 Март, 2024
0.0247

ФИНАНСИСКАТА ЕДУКАЦИЈА СТАНУВА ПРЕДИЗВИК ЗА УЧЕНИЦИТЕ ВО ЗЕМЈАВА

Голем одѕив на јавниот повик за учество во Европскиот квиз на парите

Објавено во: Мои пари 11 Февруари, 2019

Добивај вести на Viber

Одѕивот на јавниот повик за учество во Европскиот квиз на парите укажува дека во текот на следниве месеци учениците од нашава земја повеќе ќе ги прелистуваат страниците на книгите за пари и финансии и дека финансиски ќе се едуцираат. И покрај тоа што кај нас овој квиз се одржува првпат, интересот е  многу поголем од очекуваниот. На повикот за учество на овој квиз се пријавија 145 одделенија, односно класови, од основните и средните училишта од Република Македонија. Тоа значи дека околу 3.000 деца од целата земја во наредниот период ќе посветат повеќе внимание на едукација од областа на финансиите и економијата, што ќе овозможи подигнување на финансиската писменост кај младата популација, како значаен аспект за изградба на квалитетни кадри во иднина. Организатор на овој квиз во земјава, чија цел е унапредување на финансиска едукација на младите од тринаесетгодишна до петнаесетгодишна возраст, е Македонската банкарска асоцијација,во соработка со Министерството за образование и наука, Народната банка на Република Македонијаи Комисијата за хартии од вредност.

Што се парите, кој ги издава, каде и како се штеди – ова се само дел од прашањата на кои ќе треба даодговорат тинејџерите од нашата земја. Ќе треба да знаат и што е кредит, камата, профит, што се акции, каде и како се купуваат или се продаваат, како да се заштитат од компјутерски измами...многу прашања чии одговори, носителите на иднината на нашава земја – младите, ќе треба  да ги научат и  да ги совладаат во текот на следниве месеци.

Квизот ќе се одвива во две фази – прва се националните првенства во земјите  учеснички, а втора фаза е финалниот натпревар кој се одржува во Брисел. Со цел подобра подготовка, на 22 февруари, во просториите на НБРМ ќе се одржи подготвителна средба и обука за наставниот кадар, односно менторите на учениците вклучени во националното натпреварување. 

Натпреварувањето во Македонија ќе започне на 13 март кога во сите класови и одделенија на пријавените училишта ќе се  спроведе првото подготвително тестирање, а  една недела подоцна да се одржи и второто. По овие две тестирања, двајца ученици од секое одделение и клас коишто ќе покажат најдобри резултати на двете тестирања  ќе настапат на  финалниот национален натпревар, кој  ќе се одржи во Скопје на 27 март, за време на Европската недела на парите. По финалниот натпревар ќе бидат познати двајцата победници кои ќе ја претставуваат Република Македонија на Европскиот квиз на парите во Брисел, Белгија на 7 мај годинава. И на националните натпревари и на завршницата во Белгија, тестирањето на учесниците ќе биде спроведено на мајчин јазик. 


Можеби ќе ве интересира

Склучен Меморандум за соработка со Кроација осигурување АД, Друштво за неживотно осигурување Скопје

Склучен Меморандум за соработка со Кроација осигурување АД, Друштво за неживотно осигурување Скопје

Дарко Лукиќ од 1 јули е новиот извршен директор на Групацијата Нелт

Дарко Лукиќ од 1 јули е новиот извршен директор на Групацијата Нелт

Континуирана едукација и почитување на етичките и професионалните меѓународни стандарди се клучни за статусот и развојот на сметководството

Континуирана едукација и почитување на етичките и професионалните меѓународни стандарди се клучни за статусот и развојот на сметководството

Општина Центар е лидер во промени, Иницијативата за конфискација на дивоградби се преточи во закон

Општина Центар е лидер во промени, Иницијативата за конфискација на дивоградби се преточи во закон

Прилепска Пиварница одбележува 100 години постоење

Прилепска Пиварница одбележува 100 години постоење

Откријте го врвното искуство на гледање со FUEGO Electronics и новата серија 720GTV на Google TV

Откријте го врвното искуство на гледање со FUEGO Electronics и новата серија 720GTV на Google TV

Сликовницата „Рокчето“ од Никола Маџиров ќе биде промовирана во Струмица на Светскиот ден на книгите за деца

Сликовницата „Рокчето“ од Никола Маџиров ќе биде промовирана во Струмица на Светскиот ден на книгите за деца

САМО СО DINERS CLUB КУПЕТЕ МЕБЕЛ И ПРОИЗВОДИ ЗА ДОМАЌИНСТВО СЕГА, А ОДЛОЖЕТЕ ГО ПЛАЌАЊЕТО ЗА ЈУНИ

САМО СО DINERS CLUB КУПЕТЕ МЕБЕЛ И ПРОИЗВОДИ ЗА ДОМАЌИНСТВО СЕГА, А ОДЛОЖЕТЕ ГО ПЛАЌАЊЕТО ЗА ЈУНИ

Македонски Телеком ја гаси старата 3G технологија

Македонски Телеком ја гаси старата 3G технологија