28 Март, 2024
0.0246

Голем пад на цената на хотелското сместување во Грција, пораст во Анталија

Објавено во: Економија 07 Август, 2019

Добивај вести на Viber

Паѓањето на цените на хотелите во Атина, Миконос и Санторини ова лето ја покажуваат најновите статистики од Институтот за бизнис асоцијација за туризам на Грција (ИНСЕТЕ), кои обработуваат податоци од онлајн платформата за резервации Триваго.

Генерално, пансионите на хотелите во европските летни туристички центри за една година бележат значителен пад, најмногу поради прилагодувањето на клиентите и големата конкуренбција. Земји како Шпанија и Италија ги прилагодија своите ценовни политики за да се натпреваруваат со Грција и Турција.

Највисок скок на цените за резервации за хотелите со 5 ѕвезди е забележана во Барселона од 402 евра, наспроти 377 евра во јуни 2018 година, а потоа следува Рим од 359 евра, наспроти 332. Во Атина има најголем пад на цената на 237 евра, од 262 евра. Во Истанбул просечната цена се одржува по 125 евра.

Во јуни 2019 година, цените на хотелите се намалија во однос на минатата година во Санторини, Ибица и Сардинија. Во Миконос цените на хотелите со 5 ѕвезди се зголемени, на тие со четири и три се намалени, додека на оние со две и една остануваат непроменети. Во категоријата со 5 ѕвезди цената на Санторини падна на 426 евра од 564 евра во јуни 2018 година. Напротив, цената за резервација на Миконос беше 542 евра по претходни 485 евра. Во Ибица цената за резервација се спушти на 455 евра од 471 евра, додека во Сардинија се искачи на 385 евра од 329 евра. Во категоријата со 4 ѕвезди цената за Санторини падна на 322 евра од 337 евра во јуни 2018 година и во Миконос на 225 евра наспроти 247 евра минатата година. Во Ибица цената е намалена на 221 евра од 248 евра и во Сардинија се спушти на 179 евра од 209

Трендот во поголемиот дел од дестинациите во сите категории хотелско сместување се намали во јуни. Поточно, само турската Анталија и грчкиот Миконос покажаа пораст во категоријата со 5 ѕвезди,. Само дестинациите на Турција - Бодрум и Анталија покажале  пораст на цените во категоријата на сместувања со 4 ѕвезди. Зголемувањето кај сместувањата си 3 ѕвезди е забележано само во Бодрум и Анталија, додека Крит и Истра останаа непроменети. Поскапување на хотелите со 1 и 2 ѕвезди има само на кместа како истра и Јонските острови. 

Просечната цена на раните резервации во хотелите со 5 ѕвезди во Грција на Халкидики и Јонските Острови изнесува 248 и 234 евра. На  Мајорка таа е 306 евра, во Истра е 298 евра, Бодрум со 216 евра и Римини со 215 евра. Во Турција е забележана најниска цена, а особено Анталија со 196 евра.


Можеби ќе ве интересира

Новите газди го вратија стариот сјај! Како „Скопски пазар“ ќе направи над 10 милиони евра приходи?

Новите газди го вратија стариот сјај! Како „Скопски пазар“ ќе направи над 10 милиони евра приходи?

ВЛЕГЛЕ ВО КАНЦЕЛАРИЈАТА НА GOOGLE ВРЕДНА ДВЕ МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ - „баш е таква каква што ја замислувавме, право одморалиште“

ВЛЕГЛЕ ВО КАНЦЕЛАРИЈАТА НА GOOGLE ВРЕДНА ДВЕ МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ - „баш е таква каква што ја замислувавме, право одморалиште“

ЦЕНТРАЛНОЕВРОПСКИ ДОГОВОР ЗА СЛОБОДНА ТРГОВИЈА - ДОПОЛНИТЕЛЕН ПРОТОКОЛ 6 - еве кои се предностите

ЦЕНТРАЛНОЕВРОПСКИ ДОГОВОР ЗА СЛОБОДНА ТРГОВИЈА - ДОПОЛНИТЕЛЕН ПРОТОКОЛ 6 - еве кои се предностите

Битиќи: Во 2025 работна недела од 7 часа дневно во одредени сектори

Битиќи: Во 2025 работна недела од 7 часа дневно во одредени сектори

МАКЕДОНСКИТЕ ЧОКОЛАДИ САМО МАЛКУ ПОВКУСНИ ЗА СТРАНЦИТЕ - како „Европа“ профитираше со 600 илјади евра и дали е тоа добар резултат

МАКЕДОНСКИТЕ ЧОКОЛАДИ САМО МАЛКУ ПОВКУСНИ ЗА СТРАНЦИТЕ - како „Европа“ профитираше со 600 илјади евра и дали е тоа добар резултат

Просечна плата во АЕК надминува 1.000 евра

Просечна плата во АЕК надминува 1.000 евра

НИНГБО – СТОТИЦИ ИЛЈАДИ КОНТЕЈНЕРИ, СТОТИЦИ ИЛЈАДИ ТОНИ СТОКА: Оттука па низ целиот свет, вака се поврзува Кина

НИНГБО – СТОТИЦИ ИЛЈАДИ КОНТЕЈНЕРИ, СТОТИЦИ ИЛЈАДИ ТОНИ СТОКА: Оттука па низ целиот свет, вака се поврзува Кина

КАКАОТО СЕ ПРЕТВОРИ ВО НАЈСЈАЈНА ЅВЕЗДА НА ПАЗАРОТ - на берзите се плаќа речиси по 10.000 долари за тон

КАКАОТО СЕ ПРЕТВОРИ ВО НАЈСЈАЈНА ЅВЕЗДА НА ПАЗАРОТ - на берзите се плаќа речиси по 10.000 долари за тон

ВОЛВО СТАВА КРАЈ НА ЕДНА ДОЛГА ИСТОРИЈА - им кажаа збогум на „дизелашите“

ВОЛВО СТАВА КРАЈ НА ЕДНА ДОЛГА ИСТОРИЈА - им кажаа збогум на „дизелашите“