ГОЛЕМ ПАД: Tензиите меѓу две земји ја урнаа цената на нафтата
Објавено во: Економија 22 Мај, 2020
Се случи остар пад на цената на нафтата.
Тие утрово нагло паднаа, како последица на новите тензии на релација САД и Кина.
На лондонскиот пазар цената на барелот се намали за 3,5 проценти, на 34,80 долари, а на американскиот пазар падна за дури 5,5 проценти, на 32,05 долари.
На девизните пазари, доларот во однос на корпата на валути зајакна, прв пат по четири дена. Неговиот индекс, кој го следи движењето на американската во однос на шесте најважни светски валути, утрово се движеше околу 99,50 поени, а вчера во ова време беше 99,35 поени.
Курсот на американската во однос на јапонската валута се намали од вчерашните 107,65 на 107,55 јени.
Деновиве нафтата се позиционираше највисоко од 11 март.Изминативе месеци нафтата трпеше турбленции. Отиде во минус, а потоа се нормализираше.