Голем пожар на вториот крак на Халкидики
Објавено во: Балкан 08 Септември, 2019
Шумски пожар има на вториот крак на Халкидики.
Грчката новинска агенција АНА-МПА повикувајќи се на информации од противпожарна служба објави дека не се во опасност населени места, а гори борова шума. Командирот на противпожарната служба на Халкидики е оптимист дека набргу пожарот ќе биде ставен под контрола.
Во централниот дел на Ситонија, на вториот крак на Халкидики, попладнево изби шумски пожар, во кој интервенираат 23 пожарникари со 11 возила и два авиони, jави дописничката на МИА од Атина.