25 Април, 2024
0.0295

Голем скок на цената на нафтата на светските пазари

Објавено во: Економија 23 Јуни, 2018

Добивај вести на Viber

Цената на нафтата на светскиот пазар драматично скокна. 

Северноатлантската нафта „брент“ поскапе за 3,1 отсто на 75,34 долари за барел, додека лесната тексашка нафта поскапе за 1,9 долар на 67, 44 долари за барел.

Ова се случува по информациите дека Организацијата на земјите извозници на нафта (ОПЕК) одлучила да го зголеми производството на околу милион барели дневно, што е помалку од очекуваното.

ОПЕК одлучи да го зголеми производството на околу милион барели дневно од јули, што е номинално зголемување на производството, но реално тоа ќе биде помало со оглед на тоа што неколку земји кои неодамна потфрлија со производството ќе имаат потешкотии да се вратат на целосната квота.

Извори од ОПЕК тврдат дека на другите производители нема да им биде дозволено да го пополнат тој јаз. 

Реалното зголемување ќе изнесува 770 илјади барели дневно. Таквата одлука е резултат на договорот меѓу Саудиска Арабија и Иран кој долго време ја отфрлаше идејата за зголемување на производството на нафта, а беше иницијатива на претседателот на САД, Доналд Трамп.

Лидерот на ОПЕК, Саудиска Арабија  неодамна ги повика 14-те земји-членки на организацијата на извознички на нафта и нејзините партнери да го зголемат производството на нафта со 1 милион барели на ден

Можеби ќе ве интересира

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди