ГОЛЕМ СНЕЖЕН БРАН ДЕНЕС (САБОТА) ЌЕ ЈА ЗАФАТИ МАКЕДОНИЈА: Ќе наврне снег со висина од над 60/70 сантиметри!
Објавено во: Македонија 30 Ноември, 2024
Во текот на денешниот ден, односно во следните 24 часа, територијата на Македонија повторно ќе биде зафатена од обилни врнежи, кои особено во западните , северозападните и во југозападните предели ќе бидат од дожд и снег на пониските места (градовите), повремено ќе има врнежи и само од снег во споменатите места, додека на повисоките места и на планините ќе има обилни врнежи од снег, вели метеорологот Славчо Попоски.
„Во следните 24 часа исто така локално ќе наврне големо количество на воден талог (над 50/60 литри на метар квадратен). На планините ќе се формира снежна покривка од над 60/ 70 сантиметри, на повисоките места таа ќе биде со висина од 20 до 40 сантиметри, локално и повеќе, додека на пониските места таа ќе биде со висина од 10 до 20 сантиметри, локално и над 30 сантиметри.
Ќе дува северен и североисточен ветер, и истиот повремено ќе засилува на интензитет, па така на планините е можна појава и на снежни наноси. Апелираме, со оглед на тоа дека не очекуваат нови обилни врнежи и тоа на повеќето места во Македонија од снег, доколку патувате низ планинските превои да бидете крајно внимателни како управувате со своето возило.
Во Скопскиот регион исто така ќе има обилни врнежи од дожд и снег, додека во повисоките делови од котлината, како и на околните планини ќе има врнежи само од снег и ќе се формира снежна покривка.
Температурата денес (сабота) ќе се искачуваа во интервалот само од -1 до 6 степени, во Скопје таа ќе се искачи до околу 3 степени“, вели тој.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.