ГОЛЕМ УСПЕХ ЗА ХРВАТСКИТЕ ЛЕКАРИ: Прв пат разделени сијамски близначки споени преку стомачни органи
Објавено во: Балкан 14 Мај, 2019
За два дена Валентина и Кристина, две прекрасни и весели бебиња ќе имаат четири месеци. И не би било ништо необично тука , тие предвреме родени бебиња во средината на јануари да не биле сијамски близначки. Од тогаш, многу работи не им оделе во прилог, но успеале, пишува „утрински.хр.“
Денес тие бебиња ги усреќуваат родителите, но и целата болница „Ребро“ во Загреб, бидејќи многумина не можат да се начудат на „чудото“ кое во нивниот случај успеала да го направи медицината. Имено, родените се споени со долениот дел на градниот кош, но заеднички им биле црниот дроб и цревата. Пет недели по раѓањето, во 15 часовна операција во која учествувале дури 14 лекари и скоро исто толку друг медицински тим, Валентина и Кристина се близначки, но не повеќе сијамски. Секоја е во свое креветче, па дури и во својата соба .
Началничката на Заводот за неонатологија и неонатална интензивна медицина Ружа Гризељ рекла дека проблем претставувало и тоа што бебињата се прерано родени и што имале неизбалансирана циркулација, поради што една близначка имала висок притисок а другата низок.
Според нејзините зборови, тоа е втор случај во светот близнаци да се споени со црн дроб и црева, со тоа што во овој счичај преживеале и двете девојчиња.
Foto-ilustracija: pixabay.com