28 Март, 2024
0.0248

ГОЛЕМА НАДЕЖ: Новартис ќе почне да произведува вакцина против коронавирусот овој месец

Објавено во: Свет 31 Мај, 2020

Добивај вести на Viber

Швајцарскиот производител на лекови Новартис овој месец ќе започне со производство на генетска вакцина против коронавирус откако претходно склучи договор со истражувачите од Масачусетс.

AveXis, одделот за генска терапија на Новартис, се согласи да ја произведе вакцината што ја развија Очната и Ушна клиника од Масчусетс и Општа болница во Масачусетс. Производството ќе започне за време за клиничките испитувања кои се предвидени да почнат во втората половина на оваа година, се вели во соопштението кое беше објавено во четвртокот.

Истражувачите сметаат дека AveXis е силен партнер затоа што веќе има повеќе од 1 милион квадратни метри производствен капацитет како производител на ген-терапијата Zolgensma, еден од само два лека од ваков вид достапен во САД.

„Ние сме расположени да му помогнеме на тимот да се движи напред забрзано во овој напор, рече претседателот на AveXis, Дејв Ленон во изјавата.

Договорот го става Новартис во глобалната трка за производство на вакцина за Ковид-19 која веќе привлече фармацевтски и биотехнички фирми а меѓу нив се АстраЗенека, Модерна, Мерцк и Новавакс. Започнати се клиничките проценки за 10 потенцијални вакцини и повеќе од 100 други се во претклинични фази.

Вакцината во Масачусетс користи вектор на адено-поврзан вирус, или ААВ - еден вид вирус што не предизвикува болест - за да достави генетски код за производство на „протеински фрагменти“ од новиот коронавирус и да предизвика имунолошки одговор, според истражувачите.

Лекот AveXis Zolgensma - кој стана најскапиот лек во светот со цена од 2,1 милиони американски долари исто така користи вектор AAV.

„Со партнерство со лидерот во индустријата AveXis кој веќе произведува производи со генска терапија ААВ во големи размери, ние сме подобар пат од кога и да е, да ја постигнеме нашата цел а тоа е развој на вакцина способна за широка дистрибуција за да се спречи инфекција на ниво на популација“, рече Лук Х Ванденберг, директор на Центарот за генска терапија во Очната и ушна болница во Масачусетс.

Можеби ќе ве интересира

ТАЏИКИСТАНЕЦ ДАЛ ПОДДРШКА НА ТЕРОРИСТИЧКИОТ НАПАД НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ: Лицето е уапсено во Санкт Петербург

ТАЏИКИСТАНЕЦ ДАЛ ПОДДРШКА НА ТЕРОРИСТИЧКИОТ НАПАД НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ: Лицето е уапсено во Санкт Петербург

Од 1 април во Германија се менуваат условите за добивање родителски додаток: Овие граѓани повеќе нема да имаат право на надомест

Од 1 април во Германија се менуваат условите за добивање родителски додаток: Овие граѓани повеќе нема да имаат право на надомест

„АЕРОДРОМИТЕ ОД КОИ ПОЛЕТУВААТ АВИОНИТЕ Ф-16 ЌЕ БИДАТ НАША ЛЕГИТИМНА ЦЕЛ“ - Путин тврди дека не планираат војна со НАТО

„АЕРОДРОМИТЕ ОД КОИ ПОЛЕТУВААТ АВИОНИТЕ Ф-16 ЌЕ БИДАТ НАША ЛЕГИТИМНА ЦЕЛ“ - Путин тврди дека не планираат војна со НАТО

Уште двајца починати и 100 хоспитализирани во Јапонија од диететски додаток

Уште двајца починати и 100 хоспитализирани во Јапонија од диететски додаток

ПРЕЖИВЕАЛ ТРИ ОБИДИ ЗА АТЕНТАТ: Израелските сили потврдија дека елиминирале висок командант на Хамас

ПРЕЖИВЕАЛ ТРИ ОБИДИ ЗА АТЕНТАТ: Израелските сили потврдија дека елиминирале висок командант на Хамас

ДОМАЌИНСТВАТА ФРЛААТ НАЈМНОГУ: Светот фрла 19 отсто од храната, а 783 милиони луѓе гладуваат

ДОМАЌИНСТВАТА ФРЛААТ НАЈМНОГУ: Светот фрла 19 отсто од храната, а 783 милиони луѓе гладуваат

СОРАБОТУВАЛЕ СО РУСИЈА: Украина уапси агенти

СОРАБОТУВАЛЕ СО РУСИЈА: Украина уапси агенти

ЗАГИНАА 140 ЛУЃЕ, ПОВРЕДЕНИ СЕ 360: Колку луѓе се водат како исчезнати по нападот во Москва?

ЗАГИНАА 140 ЛУЃЕ, ПОВРЕДЕНИ СЕ 360: Колку луѓе се водат како исчезнати по нападот во Москва?

МАСАКР ВО МОСКВА: Терористите добиле инструкции кога патувале за Турција?

МАСАКР ВО МОСКВА: Терористите добиле инструкции кога патувале за Турција?