ГОЛЕМА ОПАСНОСТ: Во Атина пожар им се заканува на домовите
Објавено во: Балкан 23 Јули, 2019
Шумски пожар во грчката престолнина Атина повторно е закана за домовите.
Огнот ги загрозува домовите во истата област каде минатата година пожар однесе повеќе од 100 животи.
Одделот за противпожарни служби денес објави дека три авиони и два хеликоптери кои испуштаат вода им помагаат на противпожарните екипи покрај пристаништето Рафина, пренесе Екатимерини.
Главниот пат што води до таа област е затворен за дојдовен сообраќај.
Областа е популарна кај капачите за време на летото, објави АП.
Пред една година, шумски пожар ја зафати областа Мати и други крајбрежни области, при што 102 луѓе загинаа и илјадници куќи се уништени.
фото Катимерини