ГОЛЕМА ПОБАРУВАЧКА: Оваа работа носи профит
Објавено во: Економија 18 Март, 2017
Повеќе од половина од населението не носи стандардни конфекциски броеви.
Во Србија е проблем да се најде облека за дебели луѓе, затоа што со оваа дејност се занимава само една фабрика.
Ова е одлична можност да се заработи со шиење облека за дебели луѓе.
Продавачите велат дека купувачи на ваква облека има многу и не им е проблем цената.
Освен дебелите, истиот проблем го имаат и високите луѓе кои не можат да најдат соодветна облека.
„Пазарот за дебели луѓе е најзапоставен во секторот мода. Меѓутоа, за таква облека има голема побарувачка, затоа што жените за себе поголем број од 44 и 46 не можат да најдат“ - вели модниот креатор Џина Дончиќ.
Во Србија секој петти човек е дебел, а 60% имаат проблем со тежината.