02 Јуни, 2023
0.0241

ГОЛЕМА ПОТРАГА ЗА МЕДЛИН МЕККЕН - по 16 години, се пребаруваат брана и езеро во Португалија

Објавено во: Свет 22 Мај, 2023

Добивај вести на Viber

Се појави нова трага во случајот со исчезнувањето на Медлин МекКен, девојчето кое исчезна во одморалиштето Праја да Луз во 2007 година. Полицијата ќе ја пребарува браната Араде и блиската акумулација. Станува збор за брана која се наоѓа на 50 километри од местото каде исчезна девојчето.

Кристијан Брукнер (45) беше прогласен за официјално осомничен од португалските обвинители во 2022 година. Претресот на браната го побарала германската полиција, која открила дека оваа област била посетена од Брукнер во моментот на исчезнувањето на девојчето.

Веста за потрагата во оваа област први ја објавија португалските медиуми, а германските власти официјално ништо не потврдија, но ставија до знаење дека медиумските написи се точни, пишува Би-би-си. Ханс Кристијан Волтерс, германскиот јавен обвинител во Брауншвајг, изјави за Би-Би-Си дека ќе и се обрати на јавноста утре наутро.

Брукнер, кој моментално е во германски затвор за силување жена во Португалија во 2005 година, никогаш не бил обвинет за исчезнувањето на Медлин и негираше каква било вмешаност. Но, германскиот јавен обвинител Волтерс го смета за главен осомничен. Тој живеел во близина на одморалиштето во моментот на исчезнувањето на девојчето. Во тој крај живеел од 2000 до 2017 година.

Полицијата го затвори просторот на вештачкото езеро

Португалската полиција во понеделникот попладне ја затвори областа на вештачкото езеро каде се наоѓа браната, што треба да се пребара. До местото каде што ќе се води истрагата во наредните денови се подигнати сини шатори.

Овој резервоар веќе беше делумно пребаран во 2008 година, во случајот исчезнување на МекКан. Тогаш португалскиот адвокат Маркос Арагао Кореја побарал да ја провери областа каде пловеле бродовите откако наводно бил информиран дека телото на девојчето било фрлено таму.

Последната потрага во Португалија поврзана со исчезнувањето на Медлин беше во 2014 година, кога британската полиција доби дозвола да ги пребара грмушките во близина на местото каде што исчезна.

На почетокот на овој месец, родителите на Медлин, Кејт и Гери, бдееле по повод 16-годишнината од нејзиното исчезнување. Тие во мај го прославија и 20-от роденден на својата ќерка, ветувајќи дека „никогаш нема да се откажат“ да ја најдат својата ќерка.

Индекс.хр

Фото: ЕПА

Можеби ќе ве интересира

НОВА ДРОГА НА УЛИЦИТЕ: Поопасна е од хероин, на корисниците им се распаѓа ткивото

НОВА ДРОГА НА УЛИЦИТЕ: Поопасна е од хероин, на корисниците им се распаѓа ткивото

БРЕГЗИТ НЕ МУ ПОМОГНА НА ЛОНДОН, НИКОГАШ НЕМАЛО ПОВЕЌЕ НОВИ ИМИГРАНТИ: Балканската рута повторно најкритична

БРЕГЗИТ НЕ МУ ПОМОГНА НА ЛОНДОН, НИКОГАШ НЕМАЛО ПОВЕЌЕ НОВИ ИМИГРАНТИ: Балканската рута повторно најкритична

КАКО ИЗГЛЕДА ЗАТВОРСКИОТ ДЕН НА МИЛИЈАРДЕРКАТА ОД СИЛИКОНСКАТА ДОЛИНА: Холмс станува во 6.00 и има саатнина од 0,12 долари, вака цели 11 години

КАКО ИЗГЛЕДА ЗАТВОРСКИОТ ДЕН НА МИЛИЈАРДЕРКАТА ОД СИЛИКОНСКАТА ДОЛИНА: Холмс станува во 6.00 и има саатнина од 0,12 долари, вака цели 11 години

ДЕТАЛНА ЛЕТНА ПРОГНОЗА ЗА ЦЕЛА ЕВРОПА, БАЛКАНОТ ПОД ГОЛЕМ РИЗИК ОД ПОПЛАВИ: Скандинавија ќе ја зафатат пожари

ДЕТАЛНА ЛЕТНА ПРОГНОЗА ЗА ЦЕЛА ЕВРОПА, БАЛКАНОТ ПОД ГОЛЕМ РИЗИК ОД ПОПЛАВИ: Скандинавија ќе ја зафатат пожари

ОД 200 СЕГА СЕ САМО 12 СИМПТОМИ НА ДОЛГ КОВИД: Објавена е нова научна студија

ОД 200 СЕГА СЕ САМО 12 СИМПТОМИ НА ДОЛГ КОВИД: Објавена е нова научна студија

Макрон ги искара властите во Приштина, потпишаа договор, ама не го почитуваат

Макрон ги искара властите во Приштина, потпишаа договор, ама не го почитуваат

Австралиски вулкан во близина на Антарктикот исфрла лава

Австралиски вулкан во близина на Антарктикот исфрла лава

НАТО испраќа 700 војници на Косово и ќе прати уште ако има потреба

НАТО испраќа 700 војници на Косово и ќе прати уште ако има потреба

УКРАИНА ТВРДИ: Во секое време знаеме каде се Путин и Пригожин

УКРАИНА ТВРДИ: Во секое време знаеме каде се Путин и Пригожин