ГОЛЕМА СПАСУВАЧКА АКЦИЈА ОД ПОЖАР: Извлечени 24 луѓе во опожарена зграда во Нови Сад, бебе и мало девојче итно пренесени во болница
Објавено во: Балкан 08 Мај, 2021
Пожарот што
избувнал денеска околу 11 часот во зграда во новосадската населба Сателит,
поминала без поголеми последици благодарение на навремената интервенција на
противпожарната единица, известуваат српските медиуми.
Покрај гаснењето на пожарот во станот на приземјето, каде избувнал пожарот, тие ги евакуирале сите станари од горните катови кои не можеле да се симнат по скалите и лифтот поради густиот чад во ходниците.
Од Итната медицинска помош на Нови Сад информираат дека заради превентивно лекување, по прегледот на нивните тимови, еден млад човек на возраст од 21 година и жена на возраст од 70 години биле испратени во Институтот за белодробни заболувања во Сремска Каменица поради вдишување чад.
- Едногодишното бебе, кое го спасија пожарникарите, беше пренесено во детската болница за понатамошно дијагностицирање и лекување. И 9-годишно девојче е пренесено во оваа институција поради изгореници. По првичната медицинска помош, 68-годишната жена е пренесена на одделот за хирургија во Клиничкиот центар. На лице место им е пружена помош на жени на возраст од 43, 89 и 69 години, како и на маж на возраст од 41 година – велат од новосадската Итна медицинска помош.
Истражните екипи се на терен, а по нивната истрага ќе се знае што го предизвикало пожарот и дали станува збор за човечки или за некој друг фактор.
ФОТО: TANJUG/ STASA KENESKI