24 Април, 2024
0.0265

Голема забава со попусти и изненадувања за отворањето на новото Веро и Џамбо во Тетово

Објавено во: Мои пари 23 Август, 2019

Добивај вести на Viber

Со многу забавни активности за најмладите и со специјални попусти и подароци за потрошувачите, компанијата „Веропулос“ в понеделник (26 август) ќе го одбележи отворањето на реновираниот маркет во Тетово кој сега добива и свој „Џамбо“ маркет. Станува збор за маркетот лоциран на улицата Борис Кидрич бб, кој беше третиот Веро маркет отворен во земјава по двата отворени во Скопје при крајот на деведесеттите години и кој сега доби нов, модерен лик согласно светските трендови во малопродажбата.

Големата забава по повод отворањето на реновираниот Веро маркети нова продавница Џамбо ќе почне во 16 часот и ќе биде наменета за целото семејство. За најмладите ќе се организираат забавни игри со слатки награди, дружење со омилените ликови од цртаните филмови и многу интересни подароци за сите. За возрасните, Веро маркетот ќе понуди специјални попусти, акции и изненадувања. Притоа, за секоја сметка над 1.000 денари направена во периодот од 26 дo 28 август, потрошувачите во овој маркет ќе добијат ваучер од 100 денари кој може да го искористат за пазарување во новиот „Џамбо“ маркет.


 Освен во добрата музика и забавата, посетителите на отворањето ќе уживаат и во бројни дегустации на различни производи што ќе се одвиваат пред Веро маркетот.

-Проширувањето на мрежата Веро маркети и продавници „Џамбо“ е настан кој традиционално го одбележуваме заедно со нашите потрошувачи, со забавни содржини во кои главниот фокус секогаш е врз најмладите. Концептот на „Веро“ и на „Џамбо“ е да понудат сѐ на едно место за целото семејство, а тоа подразбира на едно место да овозможат најдобри цени, најквалитетни производи, врвна услуга и поразлично шопинг искуство во кое подеднакво ќе уживаат сите генерации. Концептот на отворање „Веро“ и „Џамбо“ маркети под ист покрив покажува извонредни резултати, така што го применивме и кај модернизираниот маркет во Тетово и планираме да го применуваме секаде каде што тоа ќе го дозволат просторните услови – вели Љубица Короскоска, маркетинг-директор на компанијата „Веропулос“ во Македонија.  

Оваа компанија досега во Македонија има отворено 13 Веро маркети во Скопје, Тетово и Битола, како и продавници „Џамбо“ во трите градови.


Можеби ќе ве интересира

ОВА СЕ НАЈЧЕСТИ ИЗМАМИ ПРИ КУПУВАЊЕ ПОЛОВНИ АВТОМОБИЛИ: Еве 5 начини како да ги избегнете, обрнете посебно внимание на нив

ОВА СЕ НАЈЧЕСТИ ИЗМАМИ ПРИ КУПУВАЊЕ ПОЛОВНИ АВТОМОБИЛИ: Еве 5 начини како да ги избегнете, обрнете посебно внимание на нив

Саемот на книга 2024 со парична донација од секоја редовна влезница и по 100 книги за СОС Детско село и ДУЦОР Партенија Зографски

Саемот на книга 2024 со парична донација од секоја редовна влезница и по 100 книги за СОС Детско село и ДУЦОР Партенија Зографски

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan

„Фактот што сме помеѓу 10-те финалисти на НЛБ проектот „Рамка за помош“, става печат за тоа дека сме вистински општествено одговорна компанија“: Георги Михаилов основач на платформата Разговор.мк

„Фактот што сме помеѓу 10-те финалисти на НЛБ проектот „Рамка за помош“, става печат за тоа дека сме вистински општествено одговорна компанија“: Георги Михаилов основач на платформата Разговор.мк

Дали се откажавте од креирањето на сопствената држава?

Дали се откажавте од креирањето на сопствената држава?

Нутритивни причини зошто да пиете чоколадно млеко

Нутритивни причини зошто да пиете чоколадно млеко

Халкбанк го одбележа Светскиот ден на планетата Земја со зелени работилници во парк на Школка

Халкбанк го одбележа Светскиот ден на планетата Земја со зелени работилници во парк на Школка

Силк Роуд банка добитник на признание за промовирање на првата Visa Platinum Business кредитна картичка за правни лица на финансискиот пазар

Силк Роуд банка добитник на признание за промовирање на првата Visa Platinum Business кредитна картичка за правни лица на финансискиот пазар

Инграм Микро: За ИТ професионалците денес е задолжително да инвестираат во својата експертиза и вештини со цел да останат конкурентни на пазарот

Инграм Микро: За ИТ професионалците денес е задолжително да инвестираат во својата експертиза и вештини со цел да останат конкурентни на пазарот