19 Април, 2024
0.0287

Голема загуба за Турција: Убиени 33 турски војници за еден ден во Сирија

Објавено во: Свет 28 Февруари, 2020

Добивај вести на Viber

Најмалку 33 турски војници се убиени во воздушните напади од страна на сириските власти и нејзините сојузници во текот на вчерашниот ден, што претставува голема загуба за турската офанзива во реонот Идлиб.

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг ги осуди „планираните воздушни напади на сирискиот режим и нејзиниот руски сојузник“ во провинцијата Идлиб и ги повика Сирија и Русија да престанат со нивната „грозоморна офанзива“.

Столтенберг во четвртокот вечерта разговараше со турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу, земја членка на НАТО, соопшти портпаролката на Алијансата.

„Столтенберг ги осуди континуираните воздушни напади на сирискиот режим и нејзиниот руски сојузник во провинцијата Идлиб и ги повика да престанат со својата офанзива, да го почитуваат меѓународното право и да ги поддржат напорите на ОН за мирно решение“, рече портпаролката Оана Лунгеску.

„Тој ги повика сите страни да ја деескалираат оваа опасна ситуација и да вложат напори да не ја влошат понатамошната сериозната хуманитарна состојба во областа“, додаде таа.

„Ние ја поддржуваме Турција, нашиот партнер во НАТО и продолжуваме да бараме привремен прекин на оваа грозоморна офанзива на режимот на Асад, Русија и силите поддржани од Иран“, се вели во соопштението на Стејт департментот на САД.

„Сите познати позиции на (сирискиот) режимот се под оган од нашите копнени и воздушни единици“, рече портпаролот на турскиот претседател, Фахретин Алтун.

„Ќе им се одмаздиме за нашите храбри војници“, рече Алтун. Турскиот официјален претставник, исто така, ја повика меѓународната заедница, вклучително и Русија и Иран, сојузниците на Дамаск, да „покажат одговорност“ и „да престанат со злосторствата против човештвото извршени од режимот“.

Претседателот Реџеп Таип Ердоган свика вонредна седница на Советот за национална безбедност, посветена на ситуацијата во Идлиб.

Големите загуби што ги претрпеа турските сили во четвртокот следуваат по неколку недели ескалација на судирите во Идлиб меѓу Анкара и сириските власти поддржани од Москва.

Во декември, Дамаск започна офанзива во која ослободи неколку провинции во покраината Идлиб од бунтовниците и предизвика хуманитарна катастрофа со скоро еден милион бегалци во тесен простор долж турската граница. Повеќе од 380.000 луѓе се убиени во војната во Сирија од 2011 година.


Можеби ќе ве интересира

ЕРМEНИЈА ЌЕ ВРАТИ ТЕРИТОРИЈА: Четири села ќе отстапи на Азербејџан

ЕРМEНИЈА ЌЕ ВРАТИ ТЕРИТОРИЈА: Четири села ќе отстапи на Азербејџан

МЕДВЕДЕВ: Оние кои го поддржуваат Киев сакаат да го ликвидираат Зеленски

МЕДВЕДЕВ: Оние кои го поддржуваат Киев сакаат да го ликвидираат Зеленски

ИНЦИДЕНТ ВО ПАРИЗ: Маж се закануваше дека ќе се разнесе во иранскиот конзулат

ИНЦИДЕНТ ВО ПАРИЗ: Маж се закануваше дека ќе се разнесе во иранскиот конзулат

ПРЕЖИВУВАЊЕТО НА УКРАИНА Е ВАЖНО ЗА САД: Tрамп го смени ставот?

ПРЕЖИВУВАЊЕТО НА УКРАИНА Е ВАЖНО ЗА САД: Tрамп го смени ставот?

ВО СЛУЧАЈ НА ВОЗДУШНА ВОЈНА: Клучни информации за способностите на Иран и Израел

ВО СЛУЧАЈ НА ВОЗДУШНА ВОЈНА: Клучни информации за способностите на Иран и Израел

ЕСКАЛАЦИЈАТА И ТЕНЗИИТЕ НА БЛИСКИОТ ИСТОК ЈА КАЧИЈА ЦЕНАТА НА НАФТАТА: Еве како да тргувате со црно злато

ЕСКАЛАЦИЈАТА И ТЕНЗИИТЕ НА БЛИСКИОТ ИСТОК ЈА КАЧИЈА ЦЕНАТА НА НАФТАТА: Еве како да тргувате со црно злато

САД со вето го блокираше полноправното членство на Палестина во ОН

САД со вето го блокираше полноправното членство на Палестина во ОН

„НУКЛЕАРНИТЕ ПОСТОЈКИ НЕ СМЕААТ ДА БИДАТ ЦЕЛ НА ВОЕНИ КОНФЛИКТИ“: предупредување од Меѓународната агенција

„НУКЛЕАРНИТЕ ПОСТОЈКИ НЕ СМЕААТ ДА БИДАТ ЦЕЛ НА ВОЕНИ КОНФЛИКТИ“: предупредување од Меѓународната агенција

ИЗРАЕЛ ИЗВРШИ ВОЕНА ОПЕРАЦИЈА ВО ИРАН: Дали Иран ќе му одговори на Израел? „Нашиот следен одговор ќе биде брз“

ИЗРАЕЛ ИЗВРШИ ВОЕНА ОПЕРАЦИЈА ВО ИРАН: Дали Иран ќе му одговори на Израел? „Нашиот следен одговор ќе биде брз“