Големи се шансите ова да е крај на короната, вели доктор Шеклер
Објавено во: Балкан 17 Јануари, 2022
Големи се шансите ова да е крај на короната, изјави српскиот вирусолог Миланко Шеклер за омикрон.
Според него, новите соеви се повеќе и повеќе наликуваат еден на друг и заштитата подобро се совпаѓа. Тој вели дека стравот кој ескалирал со појавата на омикрон бил претеран.
Докторот објаснува дека ако хоспитализацијата на пациентите со делта варијантата била пет проценти, со омикрон е околу еден процент.„Првиот сој од Вухан е најразличен од омикрон. Па, оној што се заразил во март/април 2020 година има големи шанси повторно да се зарази. Оние кои ја поминале варијантата делта имаат 30-40 проценти шанси да се заразат со омикрон. Ако сте го прележале јужноафриканскиот сој, имате шанси од околу 50 проценти. Оние кои биле заразени со алфа сојот имаат 60 проценти шанси. Оној кој бил заразен со оној првиот, сојот од Вухан, има дури 75 проценти шанси да се зарази“, објасни Шеклер.
Инаку, Србија дневно има над 12.000 заразени со коронавирусот.
Земјите од регионот воведуваат нови правила за влез.foto freepik.com