Големиот косовски „херој“ Харадинај не може без српските гласови
Објавено во: Балкан 10 Септември, 2017
Новоизбраниот косовски премиер Рамуш Харадинај посочи дека земјата мора да разговора со Србија без оглед на нивната трагична историја бидејќи и од двете страни се бара решавање на односите.
Харадинај без оглед што беше главна причина за загриженост во Белград каде го оценуваат како воен злосторник, не можеше да формира влада без гласовите на десетте српски пратеници во косовскиот парламент.
Токму оваа коалиција со тенко мнозинство доби жестоки критики од косовската опозиција сметајќи дека Харадинај како премиер ќе зависи од српските пратеници кои пак наводно ќе чекале прво команди од Белград со што ќе биде зависна самата земја. Српските партии на Косово ќе добијат 3 министри што е прифатливо и за Србија без оглед на антагонизмот кон Харадинај како политичар.