28 Март, 2024
0.0260

ГОЛЕМИТЕ БАНКИ СИЛНО „ГАЗАТ“ И СТАНУВААТ УШТЕ ПОГОЛЕМИ - најнови бројки кој колку тежи на банкарската сцена

Објавено во: Финансии 29 Ноември, 2022

Добивај вести на Viber

Народна банка ги објави кварталните податоци за банкарскиот систем, па повторно е време за пресметка кој колку тежи на финансиската сцена.

Минатата недела ги анализиравме податоците за профитите на домашните банки, а сега продолжуваме со активите, кои покажуваат кој е најголем, кој доволно голем, а кој е помал, но сепак успешен меѓу 13-те домашни банки.

Најголемата банка во земјава, Комерцијална банка, продолжува да ја „билда“ својата актива, и со тоа неприкосновено да го држи првото место на листата според големината.

Активата на Комерцијална банка на крајот на третиот квартал од годинава тежи 2,465 милијарди евра, што во споредба со претходното рангирање од пред неколку квартали, кога таа изнесувала 2,398 милиони евра, значи зголемување од нови 67 милиони евра.

Според податоците на Централниот депозитар за хартии од вредност, заклучно со вчерашната состојба, Комерцијална банка имала само еден акционер кој поседува над 5 отсто од акциите, а тоа е Адора Инжинеринг на Ванчо Чифлиганец, кој располага со 14,99 отсто од акциите. Сите други акционери поседуваат под пет проценти од акционерскиот капитал.

Неодамна беше за шест години продолжен мандатот на Хари Костов и на Маја Стевкова Штериева на кормилото на Комерцијална банка.

Втора банка според големината на крајот на третиот квартал од годинава останува да биде Стопанска банка Скопје, со актива овој пат од 1,905 милијарди евра, што говори дека исто така и оваа банка одлично расте, односно нејзината актива во однос на последното рангирање, кога имала актива од 1,857 милијарди евра, значи пораст од 48 милиони евра. Стопанска банка Скопје со ова темпо сериозно се приближува до актива од две милијарди евра

Оваа банка е доминантно поседувана од грчката НБГ Групација, која поседува 94,64 отсто од капиталот.

Третата позиција како и вообичаено е резервирана за НЛБ Банка, чија актива на крајот од третиот квартал годинава е на ниво од 1,745 милиони евра. Во однос на 1,736 милиони евра колку што оваа банка имаше актива на последното рангирање, значи дека и кај неа има пораст за девет милиони евра.

Шпаркасе банка, која од пред извесен период е четврта по големина банка во земјава, продолжува да ја зголемува својата актива, која станува се посилна, дури и после состојбата по спојувањето со Охридска банка.

Па така, откако двете банки се присоединија и функционираат како една банка, Шпаркасе банка имаше актива од 1,204 милиони евра. Сега, пак, Шпаркасе банка има актива од 1,311 милијарди евра, што значи дека за кус период оваа банка ја зголемила својата актива за 107 милиони евра.

Како што е познато, пак, пред да се спојат, „старата“ Шпаркасе банка тежеше 442 милиони евра, додека, пак, активата на и тогаш големата Охридска банка изнесуваше 708 милиони евра. Тоа беа последните одделни податоци за овие две банки.

И, на петтата позиција, исто така како голема банка од над милијарда евра, е рангирана Халк Банка, чија актива сега изнесува 1,267 милијарди евра. Во однос на 1,180 милијарди евра на последното мерење, оваа банка која моќно продолжува да гази во светот на големите банки, и има зголемување на активата за 87 милиони евра.

Прокредит е прва од средните банки, со актива од 634 милиони евра, а по неа следува Универзална банка, со актива од 416 милиони евра, и кај двете има раст во однос на претходното рангирање.

Овде треба да се спомене дека средни банки се оние чија вредност на капиталот изнесува меѓу 179 и 717 милиони евра.

Трета средна банка е државната Развојна банка чии капитал изнесува 260 милиони евра. Таа банка имаше неколку докапитализации, со што значајно се зголеми нејзиниот капитал, што ја зајакнува нејзината позиција да обезбедува поволни кредитни линии и да им ги доделува на компаниите во земјава по повластени каматни стапки. Во моментов такви кредити се доделуваат за енергетски ефикасни проекти.

Додека, пак, вредноста на активата на Стопанска банка Битола е на ниво од 183 милиони евра, а слично ниво на капитал има исто така средната банка, Централно кооперативна банка, со актива од близу 182 милиони евра.

Следуваат трите мали банки, каде лидер е ТТК банка, со актива од над 142 милиони евра, по неа е Силк Роуд банка, чии капитал тежи 133,4 милиони евра и на крајот е Капитал Банка, со актива од над 43 милиони евра.

Н.Н.Ф.

Можеби ќе ве интересира

БЕРЗИТЕ ИМАЛЕ ПОДОБРИ ДЕНОВИ: Намалување на индексите на Волстрит, S&P 500 во загуба трет ден по ред

БЕРЗИТЕ ИМАЛЕ ПОДОБРИ ДЕНОВИ: Намалување на индексите на Волстрит, S&P 500 во загуба трет ден по ред

ЗАМИНУВАЊЕТО НА ШЕФОВИТЕ ПОЗИТИВЕН СИГНАЛ ЗА ИНВЕСТИТОРИТЕ - Акциите на Боинг растат по промената на раководството на компанијата

ЗАМИНУВАЊЕТО НА ШЕФОВИТЕ ПОЗИТИВЕН СИГНАЛ ЗА ИНВЕСТИТОРИТЕ - Акциите на Боинг растат по промената на раководството на компанијата

СЕ ОГЛАСИ КОМЕРЦИЈАЛНА ПО ПРОДАЖБАТА НА ИМОТОТ НА ЕУРОНИКЕЛ - остануваме посветени да се наплатат доверителите и вработените, должниците веднаш да си ги платат обврските

СЕ ОГЛАСИ КОМЕРЦИЈАЛНА ПО ПРОДАЖБАТА НА ИМОТОТ НА ЕУРОНИКЕЛ - остануваме посветени да се наплатат доверителите и вработените, должниците веднаш да си ги платат обврските

Доларот зајакна по најавата за намалување на каматните стапки

Доларот зајакна по најавата за намалување на каматните стапки

ПОМАЛИ ТРОШОЦИ ЗА ПРЕКУГРАНИЧНИ ТРАНСАКЦИИ СО ПРИСТАП КОН СЕПА - со законски измени до побрз пристап

ПОМАЛИ ТРОШОЦИ ЗА ПРЕКУГРАНИЧНИ ТРАНСАКЦИИ СО ПРИСТАП КОН СЕПА - со законски измени до побрз пристап

КИНЕСКОТО ЧУДОВИШТЕ ЗА ОНЛАЈН ШОПИНГ СТАНУВА СЕ ПОГОЛЕМО:„Амазон е на стероиди!“

КИНЕСКОТО ЧУДОВИШТЕ ЗА ОНЛАЈН ШОПИНГ СТАНУВА СЕ ПОГОЛЕМО:„Амазон е на стероиди!“

КОЈ ПЛАТИ 753 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА АКЦИИ НА СТОПАНСКА БИТОЛА ВО ЕДЕН ДЕН - има ли ова поврзаност со најавеното припојување кон Комерцијална банка

КОЈ ПЛАТИ 753 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА АКЦИИ НА СТОПАНСКА БИТОЛА ВО ЕДЕН ДЕН - има ли ова поврзаност со најавеното припојување кон Комерцијална банка

НИСКИТЕ ТЕМПЕРАТУРИ НАПРАВИЈА НЕВИДЕНИ ШТЕТИ: Премрзнаа овошните дрвца во Росоман

НИСКИТЕ ТЕМПЕРАТУРИ НАПРАВИЈА НЕВИДЕНИ ШТЕТИ: Премрзнаа овошните дрвца во Росоман

НАФТЕН ГИГАНТ ПРОДАВА НАД ИЛЈАДА ПУМПИ ШИРУМ СВЕТОТ: Еве што се крие зад одлуката на „Шел“

НАФТЕН ГИГАНТ ПРОДАВА НАД ИЛЈАДА ПУМПИ ШИРУМ СВЕТОТ: Еве што се крие зад одлуката на „Шел“