24 Април, 2024
0.0287

ГОРАН МИЛЕВСКИ: ОНИЕ ШТО ГИ ИЗГУБИЈА УДОПСТВАТА И ЧАШИТЕ ВИНА НА САНТОРИНИ - тие шират лаги дека сум се самопрделожил за министер

Објавено во: Македонија 19 Јануари, 2022

Добивај вести на Viber

Горан Милевски, лидерот на ЛДП, преку својот фејсбул профил жестоко излегува со критика за оние партиски членови кои за медиумите изјавиле дека тој се самопредложил за министер за локална самоуправа во новата Влада, и кои, како што вели, тоа го прават откако ги изгубиле функциите што не ги заслужиле и чашите вина испиени на Санторини, па сега прават проблеми во партијата. Најавува седница на Централниот одбор, а во најбрз можен рок и Конгрес, на кој, како што нагласува, ќе се расчистат сите дилеми.
Подолу во целост ја пренесуваме неговата објава на фејсбук.
За нештата да станат појасни, дадов изјава за порталот Локално.мк за последните лаги кои се пласираат во јавноста со цел нарушување на мојот и угледот на ЛДП.

Се одлучив да реагирам јавно, бидејќи се продолжува со лечењето на личните фрустрации на поединци во партијата кои изгубиле функции и секаква доверба во ЛДП, го изгубиле лагодниот живот и неброените чаши вина испиени на Санторини, и кои сега сакаат преку грбот на мојата чест, достоинство и чесност да го манипулираат членството и граѓаните, сакајќи како паразити да се префлат од една на друга позиција, продолжувајќи си ги угодностите за кои жителите на Скопје не казнија на локалните избори а заборавајќи ги граѓаните и партијата.

За остварување на овие цели највулгарно ја вмешаа и мојата фамилија, неводејќи сметка за пристојно политичко однесување и немешање на луѓе кои дел од нив немаат никаква допирна точка со политика. Нивен единствен грев е што судбината им била да се мои роднини. Не се важни нивната стручност, компетентност, квалитети и време кога се вработувале што нема никаква поврзаност со времето во кое сум јас министер, важно е да се виновни.

Врв на манипулациите се денешните лаги со кои ме обвинија дека сум се самопредложил за министер без никаква доверба во партијата. Уште едни груби лаги и невистини од кои неможам да се изначудам до каде може да се спушти човековото достоинство за остварување на личните цели.

Но да не се грижат. Мојот демократски капацитет ќе им овозможи уште деновиве да одржиме седница на Централниот одбор а во најбрз можен рок и Конгрес на партијата на кој членството ќе пресуди кој треба и на каков начин да ја води партијата.

Дали на терен, со присуство во секое село, во секое населено место, во секој град, со разговори со секој граѓанин, со часови отсуство од својата фамилија или под удобното сонце на Санторини.


Можеби ќе ве интересира

ТОШКОВСКИ OЧЕКУВА МИРЕН ДЕН: Немаме забележано никакви посериозни нарушувања на изборниот процес

ТОШКОВСКИ OЧЕКУВА МИРЕН ДЕН: Немаме забележано никакви посериозни нарушувања на изборниот процес

ЈСП ОСТАНА БЕЗ НАЈПОЗНАТАТА ЖЕНА ШОФЕР НА АВТОБУС: Макфире Шакири замина на печалба

ЈСП ОСТАНА БЕЗ НАЈПОЗНАТАТА ЖЕНА ШОФЕР НА АВТОБУС: Макфире Шакири замина на печалба

ВАЖНО ЗА ГРАЃАНИТЕ: Готовите лични документи можат да се подигнат и денеска

ВАЖНО ЗА ГРАЃАНИТЕ: Готовите лични документи можат да се подигнат и денеска

ДОКТОР БЕЌАРОВСКИ СЕ ЗАБЛАГОДАРИ НА ЈАВНОСТА: Ви благодарам на сите за поддршката

ДОКТОР БЕЌАРОВСКИ СЕ ЗАБЛАГОДАРИ НА ЈАВНОСТА: Ви благодарам на сите за поддршката

ГРАЃАНИТЕ ГЛАСААТ ЗА ШЕФ НА ДРЖАВАТА: Право да гласаат за својот фаворит имаат 1.814.317 граѓани

ГРАЃАНИТЕ ГЛАСААТ ЗА ШЕФ НА ДРЖАВАТА: Право да гласаат за својот фаворит имаат 1.814.317 граѓани

ЕВЕ КОГА МОЖЕ ДА ОЧЕКУВАМЕ ПОСТАБИЛНО И ПРОЛЕТНО ВРЕМЕ: До петок времето ќе биде прилично променливо

ЕВЕ КОГА МОЖЕ ДА ОЧЕКУВАМЕ ПОСТАБИЛНО И ПРОЛЕТНО ВРЕМЕ: До петок времето ќе биде прилично променливо

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Гласаа изнемоштените, осудениците и иселениците, гласањето помина мирно

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Гласаа изнемоштените, осудениците и иселениците, гласањето помина мирно

ЗА СЛУЧАЈОТ СО ЈИЛДИЗ ВЕАПОСКА: Со супервештачење ќе се утврдува одговорноста на лекарите

ЗА СЛУЧАЈОТ СО ЈИЛДИЗ ВЕАПОСКА: Со супервештачење ќе се утврдува одговорноста на лекарите

АГЕЛЕР: Гласачите на оваа земја треба да поставуваат тешки прашања на кандидатите, а потоа мора да гласаат

АГЕЛЕР: Гласачите на оваа земја треба да поставуваат тешки прашања на кандидатите, а потоа мора да гласаат