Горан Милевски се токми за министер
Објавено во: Македонија 18 Јуни, 2019
Претседателот на ЛДП, Горан Милевски, ќе биде еден од новите министри во реконструираната Влада, објави „Фокус“, а според партиски извори, помалиот коалиционен партнер на СДСМ вечерва ќе одржи седница на Извршниот комитет на која се очекува да биде констатирана оваа одлука.
Според тоа, Милевски повеќе нема да биде пратеник во Собранието, туку ќе се сели во некој од ресорите од извршната власт, најверојатно како министер за локална самоуправа.
Се очекува и генералниот секретар на либералдемократите, Боби Мојсоски, да добие повисока и позначајна позиција од сегашната – директор на КПД Идризово.
Се очекува до крајот на неделата да бидат познати имињата на новите осум министри.