Гордана Јанкулоска му одговори на „загрижениот“ Груевски
Објавено во: Македонија 10 Јануари, 2019
Oткако на Фејсбук својот став за седницата за уставни измени го изнесе екс премиерот Никола Груевски кој веќе два месеци е во Будимпешта, се огласи и поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска која му одговори.
„Кога си далеку од проблемите, на 800км од Македонија лесно е на социјалните мрежи да кажуваш што е лесно а што не е, при тоа амнестирајќи се од сите проблематични одлуки за кои секогаш одговорен е некој друг и игнорирајќи ја реалноста дека Македонија е таму каде што е денес, меѓу другото и заради бројните испуштени шанси во минатото“, напиша Јанкулоска.
Груевски избега во Унгарија бидејќи требаше да оди во затвор за случајот „Тенк“, а денеска се огласи на својот официјален Фејсбук профил и ги коментираше моментите пред гласањето за промената на Уставот.