Гордана Димитриеска Кочоска - соработничка на Мицкоски, а ќе треба да раководи со Ангеловска
Објавено во: Економија 31 Декември, 2019
Гордана Димитриеска Кочоска е предлог за технички заменик-министер за финансии од страна на ВМРО-ДПМНЕ. Иако во претставувањето заедно со преостанатите кандидати номинирани за техничката Влада не е наведено нејзиното актуелно вработување, по пребарувањето на „Linkedin“ може да се заклучи дека е ангажирана како деловно лице во компанијата КФК Дооел.
Станува збор за магистер по економски науки на Универзитетот Св Кирил и Методиј, и блиска соработничка на Христијан Мицкоски, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ. Таа била директорка за финансии во АД ЕСМ, во времето кога Мицкоски беше генерален директор.
Во последните неколку години излегува повремено со критики на економските политики на актуелната власт и со учество на трибини на ВМРО-ДПМНЕ. Нејзина критика данокот на личен доход, буџетскиот дефицит, аукциите на државни записи и задолжувањата, социјалните трансфери, средствата за ПИОМ. Според тоа, останува да се види каква ќе биде најзината соработка со министерката за финансии Нина Ангеловска.
Професионално е ангажирана финансиски консултант во областа на контролинг и финансии. Нејзините претходни работни места се во Стопанска Банка, во Македонски Телеком во секторот на даноци, во Министерство за финансии во Секторот за јавен долг, а воедно во одреден период.
„Димитриеска Кочоска поседува обуки, професионални надградби и меѓународни сертификати од повеќе области, како што е анализа на финансиски извештаи, сметководствена аналитика, менаџирање, контрола и управување, завршила и Академија за контрола, во Менаџмент центар Белград, а лиценцирана од CA Akademie AG“, се вели
Најголемата опозициска партија вчера објави дека за нов технички министер за труд и социјална политика ја предложи Рашела Мизрахи, за нов заменик министер за земјоделие ќе биде предложен Цветан Трипуновски, а номиниран кандидат за заменик министер за информатичко општество и администрација е Невенка Стаменковска Стојковски.