14 Јули, 2020
0.0237

Гордана Димитриеска Кочоска: Не потпишувам кредит за прехранбени пакети од 830.000 евра и за дронови

Објавено во: Финансии 11 Јуни, 2020

Гордана Димитриеска Кочоска, техничкиот заменик-министер за финансии од редовите на опозицијата, останува на ставот дека треба да се стави „вето“ на заемот од 90 милиони евра од Светска банка, за што вчера Владата на РСМ информираше дека на синоќешната седница имало теннзии по ова прашање. 

Таа за прв пат открива детали од тоа за што треба да се трошат парите од заемот, а на вчерашната седница дури била повикана и Нина Фити Неделковска како владин претставник во Светската банка за да ја убедува Димитриеска Кочоска дека ако не го стави потребниот потпис, во тој случај кредиторот ќе размисли и да ја замрзне соработката со земјата. 

Од Владата решија случајот да го пријават во Државната изборна комисија, каде треба да се реши дали заменик-министерката има право во случајов на вето, а таа во јавноста денеска објави дека со тие пари меѓудругото треба да се потрошат и на дронови и на прехрамбени пакети во вредност од 830.000 евра.

„-Во наменски кредит кој за цел има брз одговор на Ковид-19, која е оправданоста на трошок од 800 илјади евра, од кои 360 илјади евра за ангажирање на експерти и остатокот за обука на медицинскиот кадар, одговор нема! Нели целта ни е дигитализација на општеството, зошто нема онлајн обуки и овие средства да се наменат за директна поддршка на граѓаните!?

- Податоци за тоа како се оправдува итноста на надградбата на системот „Мој термин“ што се предвидува во временска рамка од 8,5 месеци, а чини 200 илјади евра, нема!
- Зошто има неусогласување на износите за набавка на медицинска опрема во Планот од СБ и планот на министерство за здравство, одговор нема!
- Која е потребата од набавка на дронови?

- Со оглед дека веќе е донесена Уредба со која се предвидува доделување на поддршка со платежни картички, а со цел купување на производи за храна и основни средства, во однос на моето прашање за потребата од 830 илјади евра за доделување на пакети за храна, одговор нема!“, пишува Димитриеска-Кочоска во дел од својот статус на Фејснук.


Можеби ќе ве интересира

Народната банка е добитник на наградата на „Комерцбанк“

Народната банка е добитник на наградата на „Комерцбанк“