19 Април, 2024
3.9593

Гордана Јанкулоска: За „Монструм“ прв ме извести Ивица Анчевски - Пуки

Објавено во: Македонија 19 Февруари, 2020

Добивај вести на Viber

Поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска денеска како сведок во случајот „Монструм“ истакна дека веста за грозоморното убиство кај Смилковското езеро ја добила од тогашниот шеф на поранешната скопска единица за брзи интервенции „Алфа“ - Ивица Анчевски Пуки. Наведе дека за петкратното убиство, кое се уште го чека расплетот, дознала дента од Дежурниот оперативен центар и добила СМС порака со краток опис за пријавениот случај.

– Набрзо добив повик од Ивица Анчевски, тогашен шеф на „Алфите“ кој исто така ме извести за случајот. Побарав од него веднаш да замине на местото на настанот, а со тогашниот директор на Бирото за јавна безбедност Љупчо Тодоровски направивме голем напор сите што се на располагање веднаш да дојдат на работа. Го барав и тогашниот директор на УБК, Сашо Мијалков и началници на други служби. Формиравме оперативен штаб кој ги координираше активностите. Овој штаб работеше сѐ до поднесување на кривичната пријава против лицата – сведочеше Јанкулоска.

Јанкулоска додаде дека остварила низа контакти со косовскиот министер за полиција, но не биле обезбедени услови за екстрадиција и дека во тој период имало многубројни шпекулации и гласини.

Вицепремиерот Бујар Османи е следниот кој треба денеска да сведочи, а претходно тоа го направи поранешниот премиер Зоран Заев.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Почна кампањата за парламентарните избори, ветувања за подобар живот за граѓаните

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Почна кампањата за парламентарните избори, ветувања за подобар живот за граѓаните

ВАНКОВСКА: Ќе се заложам за намалување на воениот буџет

ВАНКОВСКА: Ќе се заложам за намалување на воениот буџет

СТО НАЈВЛИЈАТЕЛНИ ЛИЧНОСТИ ВО СВЕТОТ СПОРЕД „ТАЈМ“: На листата се најде Македонката Светлана Мојсов

СТО НАЈВЛИЈАТЕЛНИ ЛИЧНОСТИ ВО СВЕТОТ СПОРЕД „ТАЈМ“: На листата се најде Македонката Светлана Мојсов

МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗДРАВСТВО ДО СПЕЦИЈАЛИЗАНТИТЕ: Решение ќе има после изборите

МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗДРАВСТВО ДО СПЕЦИЈАЛИЗАНТИТЕ: Решение ќе има после изборите

КОВАЧЕВСКИ ЗА ИЗЈАВАТА НА ОСМАНИ ЗА ОТВОРЕН БАЛКАН: Политичарите како во избори, даваат изјави што треба, што не треба

КОВАЧЕВСКИ ЗА ИЗЈАВАТА НА ОСМАНИ ЗА ОТВОРЕН БАЛКАН: Политичарите како во избори, даваат изјави што треба, што не треба

Доживотен затвор за убиената жена во Кочани со 40 убоди со нож

Доживотен затвор за убиената жена во Кочани со 40 убоди со нож

ДУИ на симулирана седница ги избра Бујар и Села за претседатели и направи уставни измени

ДУИ на симулирана седница ги избра Бујар и Села за претседатели и направи уставни измени

СОНК: Иако е период на избори, најверојатно ќе почне генерален штрајк во установите од културата

СОНК: Иако е период на избори, најверојатно ќе почне генерален штрајк во установите од културата

ГЕСТ ЗА ПРИМЕР И ПОЧИТ! Која фирма за свои сограѓани од Свети Николе ќе даде над 250.000 евра?

ГЕСТ ЗА ПРИМЕР И ПОЧИТ! Која фирма за свои сограѓани од Свети Николе ќе даде над 250.000 евра?