ГОРИ НА ПОВЕЌЕ МЕСТА ВО ГРЦИЈА: Со авиони и хеликоптери се гасне огнот
Објавено во: Балкан 30 Август, 2019
Грција e во пламен, a 150 пожарникари гаснат пожари на четири локации.
Два пожари се во близина на главниот град Атина, јави дописничката на МИА од Атина.
Огнот се гаси со авиони и хеликоптери.
Во населбата Пендели во северниот дел на Атина, со пожарот се борат 33 пожарникари со 13 возила, една пешадиска единица, два хеликоптери и два авиони, а полицијата поради пожарот затвори за сообраќај една улица.
Пожар избувна и во Артемида во источниот дел на областа Атика, а интервенираат 50 пожарникари со 22 возила, една пешадиска единица, три хеликоптери и два авиони.
Во гаснењето на пожарот во областа Танагра во централна Грција, учествуваат 52 пожарникари со 23 возила, една пешадиска единица, три хеликоптери, два авиони и два PZL.
Активен е и шумски пожар кај градот Арта.
фото ЕПА