Гости истепале келнер откако им укажал за непочитување на протоколи

Објавено во: Македонија 13 Јануари, 2021
Гости истепале келнер бидејќи ги предупредил за непочитување на протоколи.
Ова се случило на роденденска забава во игротека во Куманово во населбата Гоце Делчев, затоа што келнерот предупредил за непочитување на протоколи за работа на угостителски објекти.
„Во 16: 30 часот во СВР Куманово, Б.З.(26) од Куманово пријавил дека на 10.01.2021 во игротека во населбата „Гоце Делчев“, каде што работи како келнер, додека се одржувала роденденска забава бил физички нападнат од М.Н. – организатор на роденденот и уште две лица гости на прославата. Според пријавувачот, причина за нападот е затоа што ги предупредил поради непочитување на протоколите за работа на угостителските објекти“, информираше кумановската полиција.
Кумановската полиција презема мерки за расчистување на случајот.
Во Македонија претходно имаше повеќе инциденти каде имало непочитување на протоколите иако сме во време на пандемија.
Можеби ќе ве интересира
Вакцинацијата во државата ќе се спроведува во три фази

Има 21 починат и 444 нови заразени со коронавирусот

Милошоски бара оној кој извршил родово насилство врз жена да не може да биде пратеник, градоначалник, министер

БЛАГОДАРАНОСТ ОД МАКАРСКА ДО КАВАДАРЦИ: Mитко Јанчев е горд што помогнале на пријателите во Хрватска

ДСЗИ констатира нерегистрирана гинеколошка ординација во домот на д-р Мухамед Асани и му ја забрани дејноста во ординацијата

Ќе се попишуваат и бездомниците и оние без документи во Македонија

Можно е годинава да се забрани увоз на возила под Еуростандард 5, идејата за субвенции за замена на возила уште постои
