„Готов сум“, рекол Трамп кога дознал кој го гони
Објавено во: Свет 18 Април, 2019
Денес објавен е извештајот од страна на американскиот специјален обвинител Роберт Малер, кој ги презентираше резултатите од истрагата која се фокусираше на наводно мешање на Русија во изборите на САД во 2016 година. На овие избори Доналд Трамп победи и стана американски претседател.
Американскиот државен обвинител Вилијам Бар изјави дека двегодишната истрага на Малер не обезбеди докази за соработка на Доналд Трамп со Русите за време на американската изборна кампања во 2016 година, објави Ројтерс.
Во извештајот исто така е наведено, меѓу другото, како Трамп реагирал кога дознал од тогашниот министер за правда Џеф Сешнс дека Малер бил именуван како човек кој ќе ја води истрагата.
"О, мојот боже, ова е очајно, ова ќе биде крајот на моето претседателство. Сега сум готов", се вели во извештајот.
Трамп, според извештајот, рекол дека верува дека истрагата ќе трае со години и дека нема да може "да стори ништо".
"Ова е најлошото нешто што ми се случило", извикал Трамп, според извештајот.