ГОТОВО Е: Пензискиот систем во Хрватска се распаѓа
Објавено во: Балкан 27 Мај, 2019
Бројот на вработени и бројот на пензионери во Хрватска e скоро изедначен.
Со оглед на тоа што тој сооднос и понатаму ќе се влошува поради масовното иселување и демографскиот пад, оние што ќе одат во пензија по 20-30 години можат да заборават дека со пензијата ќе може спокојно да живеат, пишува „Индекс.хр“.
Пензискиот состав во Хрватска, кој се базира на солидарност меѓу вработените и пензионерите, се распаѓа зашто бројот на работниците и на пензионерите речиси се изедначи. Имаме 1.520.000 работници и 1.240.000 пензионери или на еден пензионер само по 1,23 вработени, а пред неполни четири децении на еден пензионер имаше по четири работници, пренесуваат хрватски медиуми.