20 Април, 2024
0.0290

GP И STEFFONATOR НАПИШАА КНИГА!!!

Објавено во: Мои пари 14 Јануари, 2019

Добивај вести на Viber

Да, да... добро прочитавте, нашите мегапопуларни јутјубери, Марко Марковиќ GP и Стефан Рашковиќ Steffonator, напишаа книга во издание на Просветно дело! Промоцијата на книгата ја најавија вчера како најголемиот митап за своите следбеници досега!

„Имаме книга. Се вика НАШИОТ ПАТ. Во неа вложивме сè. Сета наша љубов, знаење, желба, посветеност. Секој атом од нас. Оваа книга ќе ве доближи до нас, ќе ве насмее, ќе ве расплаче, ќе ве забавува... ќе направи да чувствувате многу...“, велат младите автори кои со неизмерна среќа го објавија видеото на своите јутјуб-канали за промоцијата на книгата која ќе се одржи на  26.1. 2019 година, во салата „25 Мај“ во МКЦ, со почеток од 12 часот. Книгата ќе се продава за првпат и ексклузивно на денот на промоцијата, а посетителите ќе имаат можност да добијат автограм и да се дружат со своите омилени јутјубери.


Од издавачката куќа Просветно дело, пак, велат: „Како синоними на јутјуберството во Македонија, ценевме дека GP и STEFFONATOR имаат добра приказна која мора да се раскаже. Книгата НАШИОТ ПАТ е резултат на осуммесечна работа и пишување на овие две ѕвезди. Таа крие голем број тајни за нив, допира до нивните срца, мисли и желби... а ќе им го покаже на читателите и вистинскиот пат да станат јутјубери...“

Промоцијата на книгата е закажана во 12 часот, но младите автори и креатори на Јутјубизјавија дека промоцијата ќе трае сè додека не ги потпишат сите книги и не се сликаат и со последниот нивен обожавател!


Можеби ќе ве интересира

„Арс Ламина“ со седум награди од Македонската асоцијација на издавачи на Саемот на книга 2024 година

„Арс Ламина“ со седум награди од Македонската асоцијација на издавачи на Саемот на книга 2024 година

„Скарбо“ од Јадранка Владова се враќа во нашите библиотеки

„Скарбо“ од Јадранка Владова се враќа во нашите библиотеки

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ во недела доаѓа во Градски парк на Школка

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ во недела доаѓа во Градски парк на Школка

ФОТО-ВЕСТ: Караванот на ДИК ги посети Штип, Конче, Струмица, Куманово и Старо Нагоричане

ФОТО-ВЕСТ: Караванот на ДИК ги посети Штип, Конче, Струмица, Куманово и Старо Нагоричане

Еуромакс Ресоурцес со последно предупредување пред арбитража за рудникот за бакар „Иловица-Штука“

Еуромакс Ресоурцес со последно предупредување пред арбитража за рудникот за бакар „Иловица-Штука“

Д-р Неле Карајлиќ: Третиот дел на „Солунска 28“ е роман за сексот, дрогата и рокенролот, со носталгија за 80-тите години

Д-р Неле Карајлиќ: Третиот дел на „Солунска 28“ е роман за сексот, дрогата и рокенролот, со носталгија за 80-тите години

Подготовката за пат не е целосна без Visa Travel на Халкбанк

Подготовката за пат не е целосна без Visa Travel на Халкбанк

Работете за најголемите светски брендови од Македонија: Секој нов вработен добива бонус за добредојде – се бара само 1 услов!

Работете за најголемите светски брендови од Македонија: Секој нов вработен добива бонус за добредојде – се бара само 1 услов!

ТЕ ЧЕКА ВЕЛИГДЕНСКА СРЕЌА ВО СКОПЈЕ СИТИ МОЛ!

ТЕ ЧЕКА ВЕЛИГДЕНСКА СРЕЌА ВО СКОПЈЕ СИТИ МОЛ!