20 Октомври, 2019
0.0195

Град од Балканот избран за европски суперкомпјутерски центар

Објавено во: Балкан 13 Јуни, 2019

Градот Марибор е избран за европски суперкомпјутерски центар.

Словенечкиот град е еден од осумте градови во кои ќе биде сместен првиот европски суперкомпјутерски центар во рамки на заедничката иницијатива на Европската унија и група европски земји, соопшти Европската комисија.

Овие компјутери треба да им помогнат на истражувачите, индустријата и бизнисот во различни области, од проектирање лекови и нови материјали до справување со климатските промени, а се поставени во рамките на Заедничкото европско претпријатие за компјутери со високи перформанси – Еуро ХПЦ.

Избрани градови се и Софија во Бугарија, Острава во Чешка, Кајани во Финска, Болоња во Италија, Бисен во Луксембург, Мињо во Португалија и Барселона во Шпанија.

Целта на заедничкото вложување е да се опреми ЕУ со суперкомпјутерска инфраструктура од светска класа до крајот на 2020 година

Еуро ХПЦ е проект на Европската унија и 28 поединечни европски земји. Во управувањето со суперкомпјутерските центри ќе учествуваат 19 од 28 земји, а вкупниот буџет за тој проект изнесува 840 милиони евра.

Можеби ќе ве интересира

ЦАКАЈ: Дискусијата за предвремени избори во Северна Македонија е од многу порано

ЦАКАЈ: Дискусијата за предвремени избори во Северна Македонија е од многу порано

Формирана е Регионална унија на театри во Белград

Формирана е Регионална унија на театри во Белград

НОВИ МОМЕНТИ ВО ОДНОСИТЕ НА АЛБАНИЈА И КОСОВО: Рама ќе се сретне со Курти

НОВИ МОМЕНТИ ВО ОДНОСИТЕ НА АЛБАНИЈА И КОСОВО: Рама ќе се сретне со Курти

ОТКАКО МАКЕДОНИЈА И АЛБАНИЈА НЕ ДОБИЈА ДАТУМ: Разочарување во две земји од регионот

ОТКАКО МАКЕДОНИЈА И АЛБАНИЈА НЕ ДОБИЈА ДАТУМ: Разочарување во две земји од регионот

Ципрас го осуди фактот дека Македонија не доби датум за преговори со ЕУ

Ципрас го осуди фактот дека Македонија не доби датум за преговори со ЕУ

МИЦОТАКИС ЗА ДАТУМОТ: Три земји не се согласија

МИЦОТАКИС ЗА ДАТУМОТ: Три земји не се согласија

ПРОГНОЗА: Еве каква зима го очекува Балканот

ПРОГНОЗА: Еве каква зима го очекува Балканот

Рама од Брисел: Утре да исчезне ЕУ, ние ќе продолжиме со реформите

Рама од Брисел: Утре да исчезне ЕУ, ние ќе продолжиме со реформите

Вучиќ не верува дека Макрон ќе го промени својот став

Вучиќ не верува дека Макрон ќе го промени својот став