Град од Балканот прв меѓу европските дестинации
Објавено во: Балкан 19 Март, 2017
Угледниот туристички портал Trivago го рангираше градот Мостар во БиХ на прво место меѓу европските дестинации.
Градовите се бирани според квалитетот на услугата, цените на сместувањето во хотел, а ранг листата ја креирале дури 82 милиони туристи кои ја посетуваат страницата на Trivago.
За сместување во Мостар во просек се потребни 43 евра, а услугата би била многу подобра за таа цена од било кој друг град во Европа.
Се наведува дека Мостар е познат по стариот мост, кој привлекува бројни туристи, а тј воедно е и под заштита на УНЕСКО.
На второ место е Нови Сад со цена од 41 евро, а понатаму на трето место следи Велико Трново од Бугарија со цена од 36 евра.