Град Скопје од утре ќе го демонтира спорниот објект на кровот од ГТЦ
Објавено во: Македонија 10 Октомври, 2019
Ќе се отстранува времениот објект на кровот на ГТЦ кој предизвика негативни реакции кај јавноста, особено кај еко-активистите, објави Петре Шилегов, градоначалникот на Град Скопје. Од таму донесена е одлука за демонтажа на кровниот покрив и демонтажа на челичната конструкција над подот. и демонтажа на изѕиданите sидови од сипорекс блокови,
Ваквата одлука на градската управа следува откако јавноста реакираше негативно на ваквиот објект, сметајќи дека истиот го нарушува концептот за „зеен кров“, проект на Град Скопје.
„ По реакциите на граѓаните најпрвo беше донесена одлука за стопирање со работите на времениот објект. Сепак, земени се во предвид општата и стручната јавност, и по консултациите со Асоцијацијата на Архитекти и Иницијативата “Го Сакам ГТЦ”, од утре и официјално започнуваме со демонтажа на објектот, а на неговото место ќе биде посадена трева со ниско украсни цветни аранжмани, во согласност со постојниот проект за зелен покрив на ГТЦ“, искоментира Шилегов.
Работата на останатиот дел од кровот продолжува, а во текот на следната недела ќе започне поставувањето на земјената подлога а во текот на месецов и поставувањето на првото зеленило.