04 Април, 2020
0.0263

Град Скопје со помош за збратимениот Загреб

Објавено во: Македонија 26 Март, 2020

Градот Скопје ќе испрати хуманитарна помош за збратимениот Загреб ќпо големите земјотреси коишто деновиве го погодија главниот град на Хрватска и предизвикаа голема материјална штета. Станува збор за финансиска помош од 50 илјади евра

„Градоначалникот Петре Шилегов телефонски разговараше со својот загребски колега Милан Бандиќ и, со оглед на околностите, затворените граници и вонредната состојба насекаде во светот, договорија помошта која вообичаено се состои од материјали и луѓе за помош при катастрофи, овојпат да биде симболична финансиска сума“, информираше кабинетот на скопскиот градоначалник.

Во понеделникот во утринските часови Загреб беше погоден од серија на земјотреси, во кои има починати и повредени лица, а предизвикана е и поголема материјална штета во која се евидентирани над  5.500 оштетени објекти.

Скопје и Загреб се збратимени градови од 2011 година и досега имаа соработка во областа на образованието, спортот, сообраќајот и културата.


Можеби ќе ве интересира

Димитриевски: Tие што немаат можност да се снабдат со најнеопходното ќе добијат асистенција

Димитриевски: Tие што немаат можност да се снабдат со најнеопходното ќе добијат асистенција

Пациентот кој почина на Инфективна бил заболен од коронавирус

Пациентот кој почина на Инфективна бил заболен од коронавирус

Ќе има набавка на 200 респираторни машини

Ќе има набавка на 200 респираторни машини

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Уште две жртви на корона, Куманово во карантин за викенд

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Уште две жртви на корона, Куманово во карантин за викенд

(ФОТО) ЗА ПОМАЛКУ ОД ДВА ЧАСА ВО КАРАНТИН: Кумановци се растрчаа по маркети да купуваат храна

(ФОТО) ЗА ПОМАЛКУ ОД ДВА ЧАСА ВО КАРАНТИН: Кумановци се растрчаа по маркети да купуваат храна

(ФОТО) ПОЖАРНА СКОПЈЕ: Ние останавме на работа, работиме за вас

(ФОТО) ПОЖАРНА СКОПЈЕ: Ние останавме на работа, работиме за вас

Филипче: За секоја општина имаме ист пристап

Филипче: За секоја општина имаме ист пристап

СТАТИСТИКА НА Google Maps: Половина од Македонците се уште одат на работа

СТАТИСТИКА НА Google Maps: Половина од Македонците се уште одат на работа

ВЕНКО ФИЛИПЧЕ: Починаа двајца, a во кумановската болница потврдени 11 случаи

ВЕНКО ФИЛИПЧЕ: Починаа двајца, a во кумановската болница потврдени 11 случаи