ГРАД ВО РЕГИОНОТ: Осум месеци трагаат по работници
Објавено во: Балкан 24 Мај, 2019
Работодавачите во БиХ се соочуваат со недостаток на квалификуван кадар и масовното заминување на работната сила. Компаниите чие мото е „евтина работна сила“, преку ноќ остануваат без работници.
Пример за тоа е Требиње, каде што голем број на работници имаат заминато во Дубовник, соседна Хрватска (ЕУ), каде за истата работа заработуваат тројно повеќе, отколку во Требиње.
На градежните компании во Требиње веќе осум месеци им фалат десетици работници.Трендот на масовно заминување на повремена работа во Хрватска започна минатата година, а според проценките, околу 1.500 лица од Требиње оваа сезона ќе работат во Хрватска.
фото Википедија