25 Април, 2024
0.0283

Синдикалците децидни: Со бенефициран стаж за градежниците – добиваат и газдите и работниците

Објавено во: Економија 19 Ноември, 2013

Добивај вести на Viber

На работниците во градежништвото и во индустријата за градежни материјали им треба бенефициран стаж сметаат од Синдикатот за градежништво, индустрија и проектирање при ССМ. Тие покренаа и иницијатива за ова прашање. За почеток , синдилкалците и работодавачите ќе изработат генерална анализа со која треба да се утврди кои работните места се исклучително тешки за работиците. Потоа, според планот, согласно систематизацијата, целата иницијатива ќе биде приложена до надлежните институции од кои ќе се бара за одредени струки во градежништвото да дозволат бенифициран стаж. Ова е добро и за работниците и за газдите, посочуваат од синдикатот. Велат дена со бенифицираниот стаж вработените достоинствено ќе одат во пензија, а работодавачите нема да треба да прогласуваат технолошки вишок и ќе имаат помлади работници. „Без разлика кој трошок на парични средства да биде утврден, важно е дека работниците достоинствено ќе си заминат во пензија и оти работодавачот нема да биде принуден да ги става на листата на технолошки вишок и ќе го поттикне вработувањето на млади кадри. Физички и психички истрошен работник во секторот градежништво и индустрија на градежни материјали не може да дочека 64 години стаж пензија“, појасни претседателот на синдикатот, Павел Трендафилов. Покрај градежниците, иницијативата ќе важи за околу 3700 работници од индустријата за градежни материјали. Сепак , појаснуваат од синдикатот, на колку години работникот ќе стекне право на бенефициран стаж, односно ќе оди во пензија, би зависело од видот на работата во градежната индустрија.

Можеби ќе ве интересира

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди