13 Декември, 2024
0.0333

ГРАДЕЖНАТА ФЕЛА СЕ СЕЛИ ВО ТЕТОВО И ГОСТИВАР – незапирливо расте бројот на одобренија за градба во Западна Македонија

Објавено во: Економија 12 Декември, 2024

Добивај вести на Viber

Продолжува тенденцијата на раст на одобренијата за градба издадени за објекти кои ќе се градат во Западна Македонија. Иако, главниот град и понатаму е омилен за градежната фела, намалувањето на слободните парцели, но и растот на трошоците за градба се повеќе ги насочуваат градежните сили кон останатите градови во Македонија.

Бројките говорат дека и во октомври годинава се издадени најмногу одобренија за градба за Полошкиот регион. Имено, таму треба да никнат 113 нови објекти, додека следен на листата е Југоисточниот регион за каде се издадени 63 одобренија. По нив следува Пелагонискиот регион со вкупно 56 одобренија, а тек потоа Скопскиот со 51 одобрение. Податоците на Државниот завод за статистика покажуваат дека од вкупно 363 одобренија во целата земја, во Југозападниот регион се издадени 36 одобренија, додека пак во Источниот 24, а во Вардарскиот 12 одобренија за градба. Најмалку одобренија се издадени во Североисточниот регион каде се планираат да се изградат само 8 нови објекти.

-  Во октомври 2024 година се издадени 363 одобренија за градење, што е за 11,7 проценти повеќе во однос на истиот месец од претходната година. Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 8.469.616 илјади денари, што е за 12,3 проценти повеќе во однос на истиот месец од претходната година– укажуваат статистичарите.

Бројките откриваат дека најголем број нови објекти ќе се градат во Тетово со 29 планирани градби, па следува Гостивар со 21 градба. По нив се Теарце и Врапчиште со 19 издадени одобренија за градба, па Боговиње со 16 одобренија.

Меѓу останатите градови каде исто така ќе се гради со забрзано темпо е и Струмица, каде се издадени 36 одобренија, па следува Прилеп со 34 одобренија за градба. И во Кичево, кое потпаѓа по Југозападниот регион ќе има посилна градежна активност, и таму се планираат да се градат 21 нов објект.

Од друга страна во скопскиот регион, најмногу ќе се гради во Центар, за каде се планираат 10 нови објекти, па следува општина Илинден со 9 нови објекти.

Ова не е нова тенденција, напротив, изминатава година честопати се покажува дека има повеќе издадени одобренија за градба во внатрешноста отколку во главниот град. Разликата меѓу Скопје и останатите населени места е што во помалите градови и општини повеќе се градат индивидуални објекти, куќи, додека во главниот град најчесто никнуваат нови згради и станови.

Во извештајниот период е предвидена изградба на 913 станови, со вкупна корисна површина од 81.247 метри квадратни. Притоа најголем број нови станови повторно ќе никнат во скопскиот регион каде ќе се градат 471 стан, додека следен на листата е Југозападниот регион каде ќе се градат 146 нови станови, па Пелагонискиот со 116 станови. По нив доаѓа Полошкиот регион со вкупно 61 стан.

Растот на одобренијата за градба во останатите градови низ Македонија покажува дека има нови трендови и нов интерес за градење во региони кои досега не беа толку атрактивни.

Дека има промени во интересот на граѓаните потврдуваат и градежниците и посочуваат дека ваквите измени се позитивни, и време е да се создадат исти услови и за другите градови во земјава.

-  Растот на бројот на одобренија за градење во Тетово – Гостивар е позитивен тренд од причина што крајно време беше да се обезбедат услови и ресурси за градба и во другите градови на Македонија освен во Скопје. Со ова ќе се намали притисокот во главниот град, нема да се трошат сите ресурси во Скопје – вели искусен градежник за Фактор.

Според него, градењето нови објекти во Тетово, Гостивар, Прилеп, Битола, Струмица, Штип, Куманово и други градови во државата е многу добро од причина што така се придонесува за рамномерен регионален развој на сите региони во Македонија. Истовремено, со ширењето на градежните активности низ останатите градови од земјава се креираат работни места за жителите, и се намалува притисокот врз главниот град.

Нашиот соговорник потенцира дека е многу значајно да се води сметка и добра контрола врз изработените ДУП-ови од причина што урбанистите многу се наклонети кон инвеститорите и сопствениците на земјиштето и не ги почитуваат правилниците за просторно и урбанистичко планирање и Законот за градба.

П.О.  

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

„Целиме кон стабилни цени, конкурентност и подобар пристап до обновливите извори на енергија - Божиновска се обрати на Министерскиот совет на Енергетската заедница„

„Целиме кон стабилни цени, конкурентност и подобар пристап до обновливите извори на енергија - Божиновска се обрати на Министерскиот совет на Енергетската заедница„

Оптимистички кон крајот на одличната берзанска година

Оптимистички кон крајот на одличната берзанска година

Интервју Брано Ѓуровиќ, извршен директор на ONE Албанија: „Поинаков пристап на 4iG, носи подобрување на мрежната инфраструктура“

Интервју Брано Ѓуровиќ, извршен директор на ONE Албанија: „Поинаков пристап на 4iG, носи подобрување на мрежната инфраструктура“

М-р Митко Јанчев во „Бизнис-клуб“: Државата треба да биде повеќе насочена кон сопствените производи и кон извозот, а не кон увозот

М-р Митко Јанчев во „Бизнис-клуб“: Државата треба да биде повеќе насочена кон сопствените производи и кон извозот, а не кон увозот

ПРВ КОЈ НАДМИНА НЕТО ОД 400 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ: Како Илон Маск ја достигна оваа вредност?

ПРВ КОЈ НАДМИНА НЕТО ОД 400 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ: Како Илон Маск ја достигна оваа вредност?

БАНКРОТИРАА ПО 200 ГОДИНИ - беа претставници на најпознатите парфеми

БАНКРОТИРАА ПО 200 ГОДИНИ - беа претставници на најпознатите парфеми

КОЈ ПЛАТИ 120 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА АКЦИИ НА „ТЕТЕКС“ - блок трансакција со акциите на тетовскиот комбинат

КОЈ ПЛАТИ 120 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА АКЦИИ НА „ТЕТЕКС“ - блок трансакција со акциите на тетовскиот комбинат

ПАРИТЕ ЌЕ ЛЕГНАТ НА СМЕТКА НАЈДОЦНА ДО КРАЈОТ НА ГОДИНАВА - аванс за дивиденда за акционерите на УСЈЕ од 22 милиони евра

ПАРИТЕ ЌЕ ЛЕГНАТ НА СМЕТКА НАЈДОЦНА ДО КРАЈОТ НА ГОДИНАВА - аванс за дивиденда за акционерите на УСЈЕ од 22 милиони евра

Одлучна сум да работам без задршка и моето име утре да се поврзува со инвестиции, нови капацитети и создавање енергетски независна Македонија: Интервју со министерката Божиновска

Одлучна сум да работам без задршка и моето име утре да се поврзува со инвестиции, нови капацитети и создавање енергетски независна Македонија: Интервју со министерката Божиновска