24 Април, 2024
0.0327

Градоначалник на Гдањск почина откако беше избоден на добротворен концерт

Објавено во: Свет 14 Јануари, 2019

Добивај вести на Viber

Павел Адамович, 53 годишниот градоначалник на полскиот град Гдањск почина, откако синоќа беше избоден на добротворен концерт.

Популарниот политичар еден од најистакнатите експоненти на опозицијата и силен противник на конзервативната и суверенистичка влада на Јарослав Качински, веднаш по нападот е пренесен во болница во критичка состојба. Тој итно е опериран во интервенција која траела 5 часа. Сепак,  градоначалникот им подлегна на повредите.

Напаѓачот, 27 годишен Стефан В. од Гдањск има криминално досие и минатиот месец излегол од затвор. По нападот синоќа тој пред публиката кажа дека поранешната политичка партија на Адамович е виновна што тој бил во затвор во 2014 година за серија насилни напади.

На бината повеќе пати го избол градоначалникот извикувајќи „Адамович е мртов“.

Адамович веќе долго време беше цел на омраза во екстремно десничарските кругови поради неговата енергична одбрана на правата на мигрантите и бегалците. 

Тој беше на чело на Гдањск од 1998 година, а лани беше избран со 65 % од гласовите.

Многумина во Полска сметаат дека нападот е резултат на порастот на говорот на омраза. Сопругата на Адамович била во Велика Британија за време на нападот. Полската влада испрати авион во Лондон за да ја врати во Полска.

Можеби ќе ве интересира

НЕКОЛКУ ЛИЦА ПОВРЕДЕНИ ВО „ЧУДЕН“ ИНЦИДЕНТ ВО ЛОНДОН: Избегани армиски коњи трчаа низ центарот на Лондон (ВИДEО)

НЕКОЛКУ ЛИЦА ПОВРЕДЕНИ ВО „ЧУДЕН“ ИНЦИДЕНТ ВО ЛОНДОН: Избегани армиски коњи трчаа низ центарот на Лондон (ВИДEО)

(ВИДЕО) ГОРИ ВО РУСИЈА: Украина пак погоди рафинерија со дронови

(ВИДЕО) ГОРИ ВО РУСИЈА: Украина пак погоди рафинерија со дронови

ЗАГРИЖЕНИ СЕ ЗА КОНФЛИКТОТ ВО ГАЗА: Јамајка ја призна државата Палестина

ЗАГРИЖЕНИ СЕ ЗА КОНФЛИКТОТ ВО ГАЗА: Јамајка ја призна државата Палестина

ПОРАДИ КОРУПЦИЈА: Уапсен е рускиот заменик министер за одбрана Тимур Иванов

ПОРАДИ КОРУПЦИЈА: Уапсен е рускиот заменик министер за одбрана Тимур Иванов

ИРАН СЕ ЗАКАНИ НА ИЗРАЕЛ: Aко пак нападнат, не е јасно дали нешто ќе остане од Израел

ИРАН СЕ ЗАКАНИ НА ИЗРАЕЛ: Aко пак нападнат, не е јасно дали нешто ќе остане од Израел

ХАМАС ПОВИКА НА ЕСКАЛАЦИЈА: Го повикуваме јорданскиот народ да ги засили своите акции

ХАМАС ПОВИКА НА ЕСКАЛАЦИЈА: Го повикуваме јорданскиот народ да ги засили своите акции

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) ИЗРАЕЛСКИ ВОЈНИК ГО ШУТНА ПАЛЕСТИНСКОТО ЗНАМЕ И ЛЕТНА ВО ВОЗДУХ: Со повреди заврши во болница

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) ИЗРАЕЛСКИ ВОЈНИК ГО ШУТНА ПАЛЕСТИНСКОТО ЗНАМЕ И ЛЕТНА ВО ВОЗДУХ: Со повреди заврши во болница

КУЛЕБА НАСКОРО ЌЕ ДАДЕ ОБЈАСНУВАЊЕ: Украина ги укина конзуларните услуги за машките државјани на воена возраст во странство

КУЛЕБА НАСКОРО ЌЕ ДАДЕ ОБЈАСНУВАЊЕ: Украина ги укина конзуларните услуги за машките државјани на воена возраст во странство

ГАЗА: Откриена е масовна гробница, дел од луѓето биле со врзани раце и нозе

ГАЗА: Откриена е масовна гробница, дел од луѓето биле со врзани раце и нозе