Градоначалникот и Црквата се скараа кој да ги зема паричките од најпознатата фонтана на светот
Објавено во: Свет 15 Јануари, 2019
Градските власти го одобрија планот на градоначалничката на Рим, Вирџинија Раџи, и од април управата на италијанската престолнина треба да ги собира парите што секоја година се фрлаат од милиони туристи кои гу фрлаат за среќа во финтаната Треви.
Ваквата одлука го доведе Градот во спор со Црквата, бидејќи досега тие 1,5 милиони евра колку што годишно се собираат од средновековната фонтана беа наменети за хуманитарната католичка организација Каритас за помош на сиромашните, но од друга страна градоначалничката сака парите да ги искористи за обновување на градската инфраструктура.
Од Каритас велат дека губењето на овие приходи ќе ги погоди сиромашните, а многу Италијанци побараа преку социјалните мрежи оваа одлука да се преиспита.
Вирџинија Рагги, од движењето „Пет ѕвезди“, стана градоначалник во 2016 година. Нејзината популарност е во опаѓање, бидејќи не успеа да ги реши градските проблеми, а минатата година во октомври имаше голем протест на незадоволни граѓани пред седиштето на градската управа.
Фонтаната Треви, која е речиси 300 години стара, секоја година има посети од милиони туристи.