16 Јули, 2025
0.0338

„ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА КОЧАНИ ГЛУМИ ИНСПЕКТОР НА АХВ“: Агенцијата за храна вели Крстевски не е овластен и не смее да врши контрола кај операторите за храна

Објавено во: Македонија 22 Јуни, 2025 09:07

Добивај вести на Viber

Откако деновиве градоначалникот на Кочани, Венко Крстевски објави неколку видеа за нелегални објекти но и за нивното работење како и дека се дивоградби, се огласија од Агенцијата за храна и ветеринарство, со порака до градоначалникот да не глуми инспектор на агенцијата.

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) најостро го осудува обидот на в.д градоначалникот на Општина Кочани, Венко Крстевски, за оцрнување на стручноста и професионалноста на АХВ и нејзините вработени инспектори, преку социјалните мрежи глумејќи инспектор во угостителски објекти, за кои тврди дека се дивоградби. Професионално, АХВ не навлегува во ингеренциите на други иституиции, но, за наводите на в.д градоначалникот во однос на работењето на АХВ, само  го информираме дека Агенцијата не издава никакви HACCP дозволи како што тврди тој во јавноста, туку ја контролира работата на оператрите со храна, само и исклучиво од аспект на исполнетост на општите и посебните услови за безбедност согласно законските и подзаконските акти кои ја уредуваат оваа материја, регистрирајќи ги како оператори со храна во регистарот на институцијата.

Токму според овие прописи, в.д гардоначалникот не е овластено лице и не смее да врши контрола кај операторите со храна која се подготвува во угостителските објекти кои тој “ги контролира” и која може да ја контаминира, влегувајќи во кујните без заштитна облека и поседување на санитарна книшка за потврдување на неговиот личен здравствен статус.

Во ниту едни прописи, ниту во националните, ниту во европските, не е дефинирано  дали и какви фуги треба да има на плочките во кујните, а вработените лица во двете засебни кујни може да користат посебен санитарен јазол, што, како што беше јасно од видеото дека од угостителот е обезбедено, како засебно од она наменето за гостите.

Агенцијата за храна и ветеринарство е стручна институција, а вработените професионално ја вршат својата работа. Инспекциските контроли се спроведуваат согласно Годишниот план за инспекциски надзори и по поднесени претставки и иницијативи за вонредни инспекциски надзори“ , се вели во соопштението од АХВ.


Можеби ќе ве интересира

„ОЧЕКУВАМЕ ВАЛКАНА КАМПАЊА“: Апасиев вели за изборите ќе се истурат многу пари

„ОЧЕКУВАМЕ ВАЛКАНА КАМПАЊА“: Апасиев вели за изборите ќе се истурат многу пари

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Напаѓачот на Данела Арсовска од куќен е однесен во ефективен притвор

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Напаѓачот на Данела Арсовска од куќен е однесен во ефективен притвор

Филипче: Владата сака да биде најдобриот ученик, а за сега има само единици

Филипче: Владата сака да биде најдобриот ученик, а за сега има само единици

АРСОВСКА: Чешко државјанство имам од раѓање, родителите не можам да си ги изберам

АРСОВСКА: Чешко државјанство имам од раѓање, родителите не можам да си ги изберам

АРСОВСКА: Јунаци, лавови, нешто да бекневте за криминалот од стотици милиони евра со фалсификати и перење пари на Ганиу?

АРСОВСКА: Јунаци, лавови, нешто да бекневте за криминалот од стотици милиони евра со фалсификати и перење пари на Ганиу?

ЕВРОСТАТ: Македонија е трета по иселување

ЕВРОСТАТ: Македонија е трета по иселување

ОД УДАР НА ГРОМ СЕ ЗАПАЛИ БЕЛАСИЦА: Гори на тромеѓето меѓу Македонија,Грција и Бугарија, соопшти Михаилов

ОД УДАР НА ГРОМ СЕ ЗАПАЛИ БЕЛАСИЦА: Гори на тромеѓето меѓу Македонија,Грција и Бугарија, соопшти Михаилов

Повикот истекува в четврток, имало голем интерес за сезонски пожарникари за плата од 24.000 денари

Повикот истекува в четврток, имало голем интерес за сезонски пожарникари за плата од 24.000 денари

Напаѓачот на Данела Арсовска заминува во притвор, одлучи Кривичниот суд

Напаѓачот на Данела Арсовска заминува во притвор, одлучи Кривичниот суд