Градови во Европа ќе вријат од топлина: „Пеколни“ денови најавени за следната недела
Објавено во: Свет 21 Јуни, 2019
Топлотен бран ќе ја зафати Европа, а одредени градови буквално ќе вријат од горешина.
Ова се предвидувањата на светските метеоролози за следната недела кои велат дека температурите ќе бидат над просечни за 12-16 степени за овој период од месецот кој се ближи до самиот крај.
Почнувајќи од Шпанија, Германија, Корзика, се до Италија, Португалија, Франција но и земјите од Бенелукс ќе има силен топлотен бран.
Повеќе западно европски метрополи ќе горат на 40 степени Целзиусови, а од регионот погодени ќе бидат и Грција, Црна Гора, Турција и Хрватска.