Градски инспектор пријавил закани поради зграда во Чаир приклучена на диво на водоводната мрежа
Објавено во: Македонија 24 Јуни, 2025 14:07
МВР потврди дека лице поврзано со зградата во Чаир која, како што објави скопската градоначалничка Данела Арсовска, на диво била приклучена на водоводната мрежа, му се заканувало на инспектор, кој потоа го пријавил случајот во полиција.
„На 22.06.2025 околу 11.30 часот во СВР Скопје, Ф.Р., инспектор во град Скопје, пријавил дека на улица Цветан Димов во Скопје, откако утврдил нелегален приклучок на водоводна мрежа, Б.А. (34) од Скопје му упатувал закани. Се работи на расчистување на случајот“, велат од МВР.
Градоначалничката Данела Арсовска вчера информираше дека сопственикот на 12-катницата во Чаир, упатил бројни закани по присуството на инспекторите во зградата која имала и див приклучок на канализациската и електрична мрежа.
Арсовска во неделата се вклучи на социјалните мрежи од пред објектот, пришто истакна дека досега се пребројани 61 стан во зградата, сите биле незаконски градени, а постои обид да се легализираат прикажани лажно дека се градени во 2011 со фалсификувана документација.
Инспекторите се соочиле со уште една непријатност кога, според зборовите на Арсовска,
станарите кои веќе биле вселени во објектот им ги исекле гумите на возилата со нож.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Првата антикорупционерка Татјана Димитровска оддавала службени тајни, a испитите за безбедносниот сертификат ѝ ги полагал колега

ВМРО-ДПМНЕ: Се потврди фактот дека СДСМ и Филипче немаат кандидат за Скопје

Помеѓу два пожари, животот тече: Стојанче Ангелов го слави роденденот на сопругата

БУГАРСКИ МЕДИУМ ТВРДИ ДЕКА МИЦКОСКИ АПЛИЦИРАЛ ЗА БУГАРСКО ДРЖАВЈАНСТВО: За ВМРО-ДПМНЕ ова е пропаганда

OJО: Предметот за пожарот во “Пулс” префрлен во надлежност на ОЈО Скопје

Зоолошка градина Скопје: Недоразбирање меѓу нашите шимпанза резултираше со тоа што Коко си ја повреди ногата

ЈП ВОДОВОД И КАНАЛИЗАЦИЈА: Констатирано е дека болницата Козле нерационално ја користи водата за пиење

Коњановски: Човек сум и јас можам да погрешам, а за сообраќајниот прекршок си платив
